Се случи нешто што не смееше да се случи. СЕ ОТКАЖА ПРЕТСТАВА ВО МНТ.
Пријатели и љубетели на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. СЕ ОТКАЖА ПРЕТСТАВА ВО МНТ.
Покрај мојата сугестија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата “Ничија земја”, како подршка за приведените глумци кои беа инволвирани во случувањата од 27-ми април во собранието.
Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија.
Театарот постои за публиката и така ќе остане.
Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика.
Со почит
Драган Спасов Дац
ВД на МНТ
Посетено 8.441 пати