Новиградска оаза за одмор од соништата

novogradska1
Некогаш тивко рибарско село во Истра со текот на годините стана една од најпопуларните туристички дестинации, но притоа сепак успешно ја задржа препознатливата, интимна атмосфера типична за малите медитерански градови. Ако сте во потрага за идеално патување ова лето, романтичниот Новиград и хотелот Наутика се идеален избор.

hotel nautica-5
Во рамките на наутички-туристичкиот комплекс Наутика, освен хотелот, се наоѓа марината Наутика, едно од најубавите пристаништа на Јадранско море, и ексклузивниот ресторан Navigare, а наскоро ќе биде отворенBooze and Blues and club, инспирирана од американското поднебје.

Hotel-Nautica-1
Собите се дизајнирани во стилот на пространа кабина на стар брод, а од понудата се издвојува и пространиот Wellness & Spa центар  за релаксација и ревитализација, додека ресторанот Навигаре познат по својата многу успешна фузија на традиционалната истарска и медитеранска понуда. Сите јадења се базираат на локални состојки, типични за регионот на Истра.

Hotel-Nautica-2
Импресивен поглед од терасата на  ресторанонт на градот Новиград и Италија во далечината, слабо ветре и ладни чаши со врвен квалитет на истарските вина се совршена формула за незаборавно помината летна вечер.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Ако сте повеќе наклонети за активен одмор, препорака е  Aquapark Istralandia, кој се наоѓа недалеку од Новиград и нуди незаборавна забава на вода. Во близина се и многубројни вински патеки и патеки на маслиново масло, кои нудат можност за дегустација на некои од најпрестижните производи од истарскиот плодна земја, бројни велосипедски патеки низ прекрасните пејсажи на истарскиот регион…

Хотел Наутика е совршен за сите оние што копнеат да избегаат од градската врева и да ги вкусат шармот и убавината на Новиград. Затоа, оставете ја здодевната секојдневниот живот зад себе и донесете одлука за безгрижно патување, бескрајна релаксација и уживање, притоа следејќи го главното мото на хотелот “безбедно и тивко пристаниште во кое секогаш ќе се вратите!”

Hotel-Nautica-4

Посетено 570 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!