Се ловевме како животни, се скаравме како животни

se-lovevme-kako-zivotni-se-skaravme-kako-zivotni-1

Грубо, нежно, повторно грубо.
Прегрубо, па пренежно.
Секси, врело, интересно, дежа ву, Cosa Nostra, Jас и Tи, кревет, без зборување, само бакнување, гребење, гризење, милување.
Благо, горко, солено, пак благо, луто, прелуто, разблажено, повторно благо.
Бакнување во образ, преминуваме на чело, носе, уста, па надолу…
Врат, гради, рака, дланка, прсти, еден прст.
Преблаго, се крева шеќерот, а богами и притисокот.
Јас и Ти – ЖИВОТНИ, ете тоа беше правилниот збор за нас.
Се ловевме како животни, уживавме како животни, живеевме како животни, се скаравме како животни.
Животни кои не знаеја за доста, не знаеја за граница, а богами граница ни беше само небото, но ете го дофативме и него.
Двајцата треснавме на земја и се прашуваме што се случило, дали беше сон или јаве, а можеби и двете испреплетени заедно?
Сега двајцата се тешиме дека има многу риби во морето, но јас и ти пливаме само заедно знаеш?
Кога си сам се давиш, кога сум сама потонувам.
Тоа е тоа, јебига!

rimmel baner TRAKA text

Посетено 6.180 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!