Сам, но не и осамен: 10 знаци дека сте задоволни со самотијата
Секој доаѓа до еден момент во своите 20ти години кога животот не предупредува дека треба да престанеме да размислуваме само за самите себе и да почнеме да придонесуваме за општеството
Доаѓа моментот кога треба да почнеме да работиме, да плаќаме даноци, да одружуваме врски со луѓето околу нас со цел да функционираме во овој свет.
Љубовната врска, а особено бракот е значајна пресвртница во сечиј живот. Вашиот живот е непотполен ако не сте ја пронашле љубовта на вашиот живот.
Тоа е нешто што не можеме да го избегнеме, постојано го гледаме тоа на улица, во филмовите, постојано се појавува на почетната страница на Facebook.
Како и да е, постојат луѓе кои врските не ги ставаат на приоритетната листа, но не поради тоа што се срамежливи, затворени или не можат да одржат односи- тие едноставно преферираат работите да ги тераат по свое.
Тие фокусот го ставаат единствено во задоволувањето на своите потреби.
Тоа може да ги надмине дури и односите со пријателите и роднините. Овие независни луѓе не се потполно осамени или пак неспособни да се вклопат во социјалниот живот.
Всушност, повеќето од нив се неверојатно харизматични и отворени кога тоа е потребно. Тие си ги знаат своите граници.
Независноста не е нешто од што би требало да се срамиме.
Доколку барате простор, тогаш треба да го добиете тој простор. На некои луѓе едноставно не им требаат други луѓе во животот и тоа е сосема во ред. Тие само го сакаат својот ‘соло’ начин на живеење.
Ова се 10 знаци кои ќе ви покажат дали вие преферирате да бидете сами:
1.Сакате викенди без планови
Совршениот викенд за вас е оној кој не вклучува планови, обврски или дружење.
Во сабота навечер вие повеќе би сакале да останете сами дома, отколку да излегувате по клубови и да сретнувате пијани личности.
2. Подобро би гледале филм сами
Не чувствувате потреба да ги присилите вашите пријатели со вас да го гледаат последниот ‘Оскаровец’ или пак некоја серија од 80тите. Доколку сакате да го гледате филмот, тогаш ќе го гледате без разлика дали тоа ќе биде со или без пријатели.
Ова особено се однесува на оние кои сакаат да се во тек со најновите филмови. Плус тоа, сите пуканки ќе бидат само за вас.
3. Немате ништо против тоа да јадете сами во ресторан
Излегувањето на вечера со пријателите може да биде многу забавно, но исто така може и да се претвори во ноќен кошмар.
Не морате да се грижите за потребите на сите, за буџетот или пак за естетските вкусови. А и целата храна ќе биде само за вас.
4. Повеќе сакате да пиете сами
Некои сметаат дека е невистина тажно сами да конзумирате алкохол. Но сепак, вие мислите дека тоа е олицетворение на среќата. Само вие и едно шише вино, без никакви очекувања. Не морате ниту да се грижите за тоа како ќе стигнете дома, бидејќи вие сте веќе дома.
5. Сакате сами да патувате по светот
Идејата за сами да го откривате светот не ве плаши, напротив- ве расположува. Така можете да одите каде сакате, да видите што сакате и да правите што сакате, без некој друг да ви ја одредува маршутата.
Патувањето сами ви овозможува да се откриете сами себе без притисокот и присуството на друго лице. На тој начин можете да запознаете нови пријателства.
Патувањето сами е забавно, но патувањето со непознати е уште позабавно бидејќи тие немаат никакви предрасуди за вас.
6. Мразите да го делите креветот
Спалните се создадени за да ги делите со некој друг, но вие уживате сами да се ширите на лето и да се стуткате во топлото ќебе во зима.
Не сакате цела ноќ да се борите за да добите ќебе, ниту пак да се разбудите покрај лошиот здив на личноста покрај вас.
7. Возењето сами ве смирува
Ништо не може подобро да го поправи лошиот ден или лошите мисли од возењето на отворен автопат или покрај плажа и тоа сосема сами.
На овој начин можете да избегате од целиот свет макар и само на миг.
Плус тоа, можете да ја вклучувате музиката и да менувате кога и да посакате.
8. Често го занемарувате вашиот телефон
Не чувствувате потреба постојано да се допишувате со пријателите или со други значајни личност за да ја одржите таа социјална интеракција.
Веројатно мразите да добивате беспотребни повици и пораки. Понекогаш дури и заборавате да го проверите телефонот и да одговорите на пораките.
9. Знаете да пропуштите многу работи
Понекогаш вашите пијатели или членовите на вашето семејтсво не ве гледаат со денови, недели или месеци. Сепак, тие не се загрижени, тие знаат дека вие имате ограничувања во вашиот процес на социјализација.
Не сметате дека треба да се социјализирате во секој миг. И покрај тоа што можевте да уживате со пријателите, вие преферирате да се занимавате со себе, без разлика дали тоа ќе биде некој нов проект или само ќе читате книга.
10. Според вас ‘наметливоста’ претставува непривлечна особина
Ве плаши и самата помисла дека не можете да излезете од обврските.
Вам ви е потребен простор за да сте сами, и физички и психички. Не можете да ги поднесете оние кои постојано се прилепуваат до некој.
Без оглед на се она што од вас го бара работата, вашето семејство и пријателите, секогаш ви е потребно да избегате од се и да имате простор за себе.
Единстеното нешто што општеството не може да го контролира се вашите лични моменти и мисли. Вашите одлуки се само ваши и вие го обожавате тоа.