ЕБАТЕ ПРЕДМЕТИТЕ

„Зоки да те прашам нешто?“ – ми се обраќа чешмата од купатило
„да?“
„изгледа не ме сакаш више како порано“
„ех зошто така мислиш?“
„па знаеш ли од кога сме немале секс?“
„знам, ама сакам женска да си фатам“
„а јас што сум ти?“
„мислев на вистинска женска,
ти си обична чешма“
„па што ако, што ти фалеше со мене?“
„па ништо ама ми се скрши филмот
откако ме изгоре со топла вода на сред секс“
„па ти се извинив, ептен се попалив
и се испозанесов“
„да, ти се попали мене ме попари, не е баш исто“
„не си фер да знаеш, и да си фатиш жива женска
знаеш ли колку живци и пари ќе потрошиш?“
„ај не ме тупи“
„не те тупам ама …“
„ај идам да се излуфтирам, не ми се збори више“
Стојам пред влез, палам цигара за цигара и само гледам по женски,
да видам некоја згодна па да и’ се пуштам
ама нешто баш и немам среќа и наеднаш
нешто силно ме удира по нога.
Се наведнувам и гледам само кондура,
женска кондура со штикла 12-ка.
„извини Беко полиција каде е ?“ – ме прашува штиклата
„ене таму, на 20 метри“- и’ покажувам
„фала“ – и отскока натаму

stikla-zoki_majkatiitatkoti
После пола минута пак истото, добивам удар во цеваница
пак некоја кондура ме клоца.
„дечко да не виде една кондура пред малце,
иста како мене со штикла 12-ка само лева?“
-ме прашува
„да, отиде накај полиција ене таму“
„фала“- и’ таа се стрча во тој правец
Не помина долго време а еден задишан дечко
застанува до мене и панично ме прашува
„извини да не виде 2 кондури со штикли 12-ка?“
„да, отидоа во полиција“
„ау не, сум наебал“
„зошто?“
„ќе ме пријават за силување“
„си силувал кондури?“
„да“
„е како ти успеа бе“- баш се зачудив
„долга приказна …. него ај шутни ме“ – ми замоли
Зема многу воздух, се направи како топка
а јас го шутнав толку силно што го прелета Водно
Се надевам ова не ме прави соучесник во силување
на 2 штикли 12-ка?!
Целиот збунет седнувам на клупа
а таа ми вика:
„стани зафатена сум“
„како зафатена?“
„треба една девојка да седне“
„е ако де, има место“
„не сфаќаш, имам состанок со девојка“
„хаха како не ма, како може една зелена дрвена клупа
да има состанок со женска“
„може, како што можеш ти со чешма“
„еј, кој ти кажал?“
„па се збори низ маало“
„како ма се збори, на никого не сум кажал’
„ти не, ама чешмата се пофалила на шпоретот,
овој кажал за ѕвончето, тоа на лифтот и така…
сега цело маало знае“
„туу ебате предметите, какви алапачи сте биле,
уште да ви дадеме право на глас и нас ќе може слободно да не’ снема“
„хаха ќе биде и тоа наскоро“
–полна себе одговори клупата
додека јас како покиснат глушец се враќам дома
да и’ се извинам на чешмата

Посетено 992 пати