Зошто кај нас изградбата на парк отсекогаш била „демоде?“

Деновиве се шушка дека ќе се гради нешто на земјиштето на некогашната фабрика за мебел „Треска“, и повеќе сме од сигурни, за жал, дека најверојатно ќе изникне нов комплекс згради, отколку рекративно детско игралиште или едноставно парк со многу насадени дрвца без никакви дополнителни реквизити, освен клупите.

Зошто паркот секогаш да е крајна опција? Зошто и оние паркови кои ги имаме да се засенат од високатниците нанижани како бисери една до друга, гледајќи во прозорецот на комшијата, па полошо не може да биде… нели?

Партиите ги оставаме на страна, изградбата на парк секогаш била „демоде“ за било која партија на власт. Жалосно!

Додека се бориме за чист воздух, зголемуваме мерки на претпазливост, го креваме нивото на свесност кај граѓаните, бареме Центар да се оптерети од наезда автомобили кои прават огромна фрка низ градот, што со паркирање, што со „парадирање“ и вртење наоколу како лешинари, додека поттикнуваме на возење велоспипеди и елктрични тротинети, бареме поголема употреба на јавниот превоз… се соочуваме со оној најголемиот: ИЗГРАДБИ НА НОВИ И НОВИ КОМПЛЕКС СТАМБЕНО-ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ.

И така ќе си влеземе поштено во казанот и ќе си се крчаме на тивко, на кец. Ќе се давиме, а нема ни да забележиме кога нивото ќе ги надмине нашите глави, ќе дишиме без да забележиме кога ќе се наполнат нашите ноздри, ќе се наголтаме се’ и сешто пред да сфатиме дека устите одамна ни се преполни…

Да се вратиме онаму каде што почнавме, за да можеме убаво и да завршиме… Останува на Советот на Општина Центар да донесе права одлука, дали ќе не биде или да испоцркаме со уште плус 30 згради (како што почнало), па да кашлајќи без дрвја околу да се тешиме: ЌУТИ, МОЖЕЛО И ПОЛОШО…

Дали ќе остават на милост и немилост на инвеститорите кои раце тријат од зделкава и бркаат парцели, или ќе ја прифатат започнатата петиција на граѓаните кои се’ уште гаат надеж дека после огромната бура доаѓа сонце. Останува да почекаме и да се надеваме… додека и таа не згасне.

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 1.012 пати