По сексот денот се познава

По сексот денот, ова де по утрото денот се познава, нели, но јас викам по сексот денот се познава, зошто?

Па затоа што постојат личности кои ако не се ебани од сабајле ти го ебаваат цело утро, цел ден, цела вечер, цело расположение, цел мозок, ти ебаваат се.

Затоа викам по сексот денот се познава.

Бев на факултет сабајлево и отидов во студентски прашања да оставам уплатница во досието.

Во факултетот немаше жива душа, а она што работи таму ми вика, сега најде во гужвата да ми дојдеш, не гледаш колку гужва имам?

Се вртам околу себе, не гледам никој, си викам оваа ли радијаторот да не го смета за гужва.

Се помислив да ја прашам дали е ебана од сабајле ама се премислив, сигурно ќе почнеше да вриска, да плачи или ќе ме избркаше од канцеларија.

Во најлош случај ќе ја скинеше уплатницата кога ќе си заминав за да платам повторно…

Идам после тоа на шалтер у банка и чекам ред, чекав 3357860 сати и 2378272 минути кога на крај стигнав на ред, го подадов ливчето со бројче 0069 кога таа од шалтерот ми вика не се важи овај број, земете друг и почекајте повторно да ви дојде редот.

Исфрустрирана сакав и неа да ја прашам дали е ебана од сабајле ама си рекој ај не, доволно е шо со ливчето на кое стоеше бројот 69 ја потсети на тоа од кога ја нема пробано позата во сексот, сакав да и го кажам и ова, но замолчив и се упатив кон вратата.

Си реков остави Моника, замини си поарно.

Ете затоа по сексот денот се познава, а сега ве советувам луѓе имајте секс наутро и нека ви почне денот убаво, а не да ги ебавате другите у здрав мозок само затоа што не сте ебани од сабајле!

Посетено 13.427 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!