15 мали “недостатоци” кои треба да ги има жената која ја сакате и ја нарекувате совршена

Јас го мразам совршенството- не бидејќи сум љубоморен, туку бидејќи тоа е уште едно митско оружје во кое сме научени да веруваме уште додека растеме. Совршенството не е реално. Не постои, никогаш не постоело и никогаш нема да постои.

Во овој Универзум не постои совршенство, особено ако зборуваме за луѓето. Ние веројатно имаме најмногу недостатоци. Кога бараме партнер- животен сопатник- недостатоците ги сметаме за негативни. Сите лоши особини ги гледаме како работи кои треба да ги избегнеме.

За оние пак, кои сфаќаат дека е невозможно да се постигне совршенство, нема што да се направи освен да се прифатат недостатоците. Се разбира, не се сите недостатоци исти. Еве неколку кои треба да ги барате кај вашата совршена жена:

1. Таа премногу се грижи за вас

Таа размислува за вас во текот на целиот ден и ги донесува сите одлуки имајќи ја на ум вашата среќа. Таа сака да сте среќни, бидејќи самото тоа што ве гледа како се смеете прави да се чувствува посреќна од било што друго во светот.


2. Предолго се подготвува

Требаше да се сретнете во 8 часот- сега е 8:47, а вие сеуште седите на каучот и ја гледате како одбира што да облече.

Ве излудува тоа што никогаш не може да се подготви на време за било што, но во исто време пак… таа изгледа прекрасно откако ќе заврши со подготовките.


3. Таа умее да ви ги покаже недостатоците

Вие знаете дека имате недостатоци. Воедно знаете и дека таа знае дека имате недостатоци. Но соочувањето со тој факт, па можеби дури и промените не е нешто што вие- или било кој друг- посебно би сакал да го прави.

Сепак, знаете дека тоа е за доброто на двајцата и ја сакате поради тоа.


4. Таа прави неочекувани нешта- само за вас

Ве изненадува со излети, патувања и други авантури. Таа е спонтана, а од друга страна пак тешко е да се контролира. Никогаш не ви е досадно, бидејќи таа не ви дава време ниту да земете здив. Прави да се чувствувате виновни бидејќи не правите ништо.


5. Таа троши премногу време за изборот на совршен подарок за вас за било која пригода

Не прави грешки, таа секогаш има совршен подарок за вас. Невозможно е да се натпреварувате!

Вистината е дека нејзе не и е толку важен подарокот кој вие го подготвивте. Се што сака таа е подарокот да е избран со љубов и грижа исто како што таа го прави тоа. Нејзе не и е важен каков е подарокот, туку дека ја сакате доволно за да го пронајдете она што верувате дека е совршено за неа.


6. Таа се грижи самата за себе и прави да изгледате како дембел

Секогаш вежба. Секогаш јаде здрава храна. Секогаш изгледа како бомба во припиениот фустан кој се прилагодува на нејзините облини.


7. Таа секогаш е во право

Секој проклет пат, како да е визионер. Нема поента да се расправате со неа бидејќи таа во 99% од случаевите знае подобро од вас, што е навистина за никаде бидејќи вие толку многу сакате да се расправате. Но, барем ја имате на ваша страна.


8. Таа успева на некој начин да ви покаже дека истовремено сте и потребни и не сте и потребни, а тоа вам ве разлутува

Понекогаш ви се чини дека нејзиниот свет ќе се распадне без вас, друг пат пак ви се чини дека таа се грижи за себе подобро од вас. Не ни помислувавте дека е можно една личност истовремено да зависи од вас и да биде одлично без вас. Го мразите тоа… а сепак истовремено и го сакате.


9. Таа ве форсира да се подобрите, а тоа пак бара многу работа

Таа ве насочува во вашата кариера, во вашите лични цели и во врската која вие двајца ја имате. Таа одбива да прифати колку сте вие мрзеливи, без разлика колку и да протестирате вие. Таа од вас очекува да бидете човекот од нејзините соништа, па затоа подобро би било да се фатите за работа и да го живеете животот за кој отсекогаш сте сонувале.

Таа ве сака и посакува- но сепак ја претпочита верзијата за човекот каков што отсекогаш сте сакале да бидете. Таа е среќна да биде мотивот кој ви е потребен.


10. Никогаш не се плаши да го каже она што го мисли

Половина од времето сте загрижени дека можеби ќе каже нешто на некого што ќе ви го отежне животот. Другата половина од времето пак не можете да направите ништо друго освен да се смешкате на работите кои таа ги вели.

Таа има свои мислења и им овозможува и на останатите да се точно запознаени со нив. Можеби е малку дрдорко, но сепак таа е ваш дрдорко.


11. Секогаш сака да ве држи за рака или да е во вашите прегратки

Лето е, надвор е 95 степени и таа не сака да се одлепи од вас. Па секако, тоа е слатко, а и не толку многу кога ќе почнат да ви се потат и лепат рацете.

Како и да е, кога доаѓа зима, а таа се припива до вас, тогаш ви е убав секој миг. Нормално, вие не и го велите тоа нејзе- и дефинитивно никогаш тоа нема да им го кажете на вашите пријатели- но тоа се едни од вашите омилени заеднички моменти.


12. Секогаш ја напушта својата ‘удобна зона’, а ве повлекува и вас

Секогаш пробува нови работи, нова храна, патува во странски земји каде што не се зборува англиски- понекогаш дури и ќе ве праша што не можете да си замислите да правите, а потоа ќе ве натера да го направите истото тоа.

Поголем дел од времето навистина ве излудува, но на крајот излегува дека животот е позабавен на тој начин.


13. Таа очекува да ја сакате повеќе од било која друга жена

Таа не остава ниту миг на случајноста. Таа ве сака- целосно- само за себе. Минато, сегашност и иднина. Ве сака за себе и не планира да ве дели.


14. Прави да чувствувате дека можете да ја изгубите секој миг

Повеќето од времето чувствувате дека врската ви е безбедна. Но токму тогаш, кога ви е најпријатно, таа ќе ве потсети колку всушност е неверојатна и колку други мажи би убиле за да бидат со неа.

Не ви го вели тоа в лице- премногу е грубо така. Напротив, таа прави сами да сфатите, што е 100 пати полошо.

15. Таа очекува да го поминете остатокот од животот со неа

Таа сака да леже покрај вас секоја вечер и да се буди покрај вас секое утро. Сака да сте до неа секој пат кога е болна, кога е тажна, секогаш кога и е тешко да се справи со животот.

Очекува од вас да ја поддржувате кога не може самата таа и да го ризикувате животот за неа доколку околностите го бараат тоа. Таа ве сака- целосно.

Таа не сака да биде само дел од вашата иднина, таа сака да биде вашата иднина. Најсмешното е што таа не смета дека било што од ова е премногу. Таа би го направила истото за вас…па, претпоставувам таа е во право.

Посетено 9.245 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!