Петарда

[fblike]Ептен ми се свиѓа, ќе пукнам
ама срам ми е да и’ пријдам,
гарант некоја корпа ќе ми мавне,
2 години ќе имам трауми.
Морам некако да ја освојам
да ја натерам да и’ се свиѓам, ама како?
Да купам некоја бесна кола?
„дечко за 4 евра не можеш ни завојот
од првата помош да го купиш камо ли цела кола“
-ми вика продавачот
Се разочарав
Да добијам нобелова награда?…. .за малце,
нешто утнав со CV-то иначе гарант ќе добиев
Да станам селебрити?.. се јавив по сите наши емисии
и списанија нешто славен да ме направат ,
ама не ми успеа,
ми викаат морам да знам некој цитат од Куељо
„а може од Итар Пејо, него знам да го цитирам“
„не биди смешен, само Куељо“
Ништо, и ова ми пропадна
Можда ако и’ го распарчам мозокот на повеќе мозочиња
па барем еден од тие ќе ме сака ??
Среќа имам другар во НАТО па смисливме стратеија
Ја излажав дека ми е роденден и да ја частам Б-52
„колку пари е тој коктел?“
„800ден“
„а да, може, и онака секогаш тоа пијам“
Нарачав Б-52 и ставив петарда во пијачката
Само што ја голтна и експлодираше,
забите и’ се испокршија, очите и’ истекоа
косата и се запали, а мозокот и’ се распарчи
на повеќе мозочиња.
Ја гледам таква и си мислам, сега ќе
и’ кажам па што сака нека биде
„слушај, од секогаш ми се свиѓаш,
сакаш да идеме кај мене?“ – ја прашувам
„и ти мене, ама ми беше срам да ти кажам“
-возбудено ми шушка низ скршените заби
„леле, и јас исто, со месеци се мислам
„и сега ќе идеме кај тебе или ќе збориме цела вечер?“
„па, па… па да бидам искрен овака без заби и очи
и со запалена коса баш и не ми се свиѓаш,
ај да почекаме да се опраиш“
„штооо?.. ѓубре едно, клошар еден, идиоту издркан…..“
Се свртев и ја оставив да монологира,
башка ене ја Тања, и таа ми се свиѓа
а имам уште една петарда, од помалите
мислам таман ќе биде
Посетено 1.015 пати