Пет контроверзни декоративни предмети (зошто можеби ги сакате)

Пет контроверзни декоративни предмети (зошто можеби ги сакате)

Луѓето знаат да критикуваат, но не дозволувајте тоа да ве запре
да го имате тоа што сакате во вашиот дом. Еве пет “озлогласени”
предмети и зошто можеби сепак ги сакате.
  1. Тепих од ѕид до ѕид – Теписите се надвор од мода во последнава декада, но се чини дека се подготвени за comeback и што е поважно, зарем мислите дека ќе уживате да газите по вашиот прекрасен студен под сред ноќ во Јануари?  Можеби изгледа убаво, но мора да признаеме, тепихот е поудобен (зборувам од искуство- потрошивме мало богатство кога ставивме сив дрвен под, за да кога дојде зимата решам дека сакам тепих -мек, дебел, пријатен за газење, особено во долгите зимски месеци…).  Топол е, апсорбира звуци, дури и ја изолира собата. А да не зборуваме дека со тепих се добива слоевитост и сосема нова димензија…
  2. Килими од кравја кожа – Во спектарот на криминал- од целосно крзно до кожни чизми, се чини дека кравјата кожа за повеќето е некаде на средината, но некои луѓе дури не сакаат ниту  да помислат на неа.   Јас мислам вака-  графичка, органска е лесна за користење и не привлекува многу внимание.  Ако не сте противник на кожа, тогаш таа може да биде издржлив избор, па  ако ви се допаѓа, поставете ја на земја.
  1. Вештачки растенија— За оние кои како јас (виновна!) никогаш нема да го одржат растението живо подолго од една недела, вештачките растенија можат да бидат единствениот начин на кој некогаш ќе добиете боја и текстура на растенија во вашиот простор. Вештачките растенија не се онакви какви што ги паметиме од порано, но сепак користете ги внимателно и внимавајте на прашината на листовите- не изгледа убаво!
  2. Насликано дрво- Го сакате вашето биро во друга боја? Може, ваше е! Не дозволувајте стравот од пуританците да ве спречи во реализацијата на вашата DIY визија.  Само не заборавајте дека тоа е обично, еднонасочна улица. Имајте јасен план пред да започнете со многу шмирглање.
  3. Репродукции на познати уметнички дела— Не постои правило кое вели дека можете да декорирате исклучиво со оригинална уметност. Ако ви се допаѓа Monet, не постои причина зошто да живеете без неговите водни кринови. Постерите се по малку тинејџерски, но врамен постер или репродукција може добро да изгледа.
Што мислите вие? Кои од овие одбегнувани предмети сѐуште ви се допаѓаат?

prevzemeno-logo-interior

Посетено 545 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!