Остајте ги луѓето на раат…греота се

Многу ми се свиѓа една појава, за која одамна се токмам нешто да напишам,а све као немам време. Вака значи, станува збор, имено, за две, а не за една појава, кои можат да стокмат целина, ама грозна целина. Мерак сум голем да седам по кафани, да не се шалиме вака по сабајле. А, во овие светилишта, многу често свраќаат сиромашни луѓе кои ги нудат своите артикли – од фармерки, маици, дуксери, чорапи, до бор машини, разни сецкалици, алат.

Посебна приказна се оние гревчињана од Албанија, наши луѓе, кои сигурно сте ги приметиле во градов.
Сите ги нудат истите артикли: маслинов зејтин, пени за бричење, штипки, сунѓери за садови…
И што се случува? Одвратна работа. И тоа редовно. И у било која кафана, ресторан…
Без исклучок, на некоја маса ќе се погодат малку поднапиени мочковци (тука спаѓаат и стари мочковци и усранковци, кои, пошто дома не смеат да бекнат од женчињата, им продаваат сила и хумор (хумор бе, бљак) на јадниве луѓе – продавачи.
Па се изживуваат, у стил: “Колку ти се фармеркиве?„. 1.000 денари? Ај ќе ти дадам 200 и бриши, не досаѓај.
Пази до каде му ја спушта цената идиотот. Демек, луѓево, у најмала рука ги украле стварите, па и со 200 денари се тамам. Или, “Да ти дадам 500 денари за сите чорапи„, па 100 денари за бор машина…
Па, демек ги заебале, ги исмејаваат и си намигнуваат со другарчињата, ждерејќи брда меса и алкохоли, кои коштаат колку едномесечна заработка на продавачите.
А, најмногу ме бендисуваат трпеливите сиромашни луѓе, кои голтаат секакви гадотии, само во надеж дека, ете, можеби нешто ќе продадат, па ќе однесат дома некое лепче и саламче…ужас.
Не сум видел некој од нив да се побуни или да изреагира на навредите. Алал вера, затоа што се попристојни, подостоинствени и многу почовечни од гадовите што трујат на алкохол и на лук, “заебантиве„ што им ждригаат у фаца и што мислат дека се хумористични.

Многу слична работа се случуе и на семафориве, каде што, боси и голи (за ухранетост да не праиме муабет) дечиња се обидуваат да се прехранат, бришејќи и миејќи ги шофершајбните на возачите.
Не бараат одредена цена, колку имаш при рука, цигара, мастика, било што, па и насмевка верувам дека барем малку ќе им ги стопли напатените душички.
Не викам дека и мене не ме нервира, кога некогаш стварно у џеповите сум “бос„, кога немам што да им дадам, ама не ми се десило да им се издеравам како на последна стока, како на лопови и на криминалци.
Тоа не се случило и нема да си го дозволам никогаш.
Најодвратни пак се типчињата кои што дома изгледа не смеат ни да помислат, а камо ли да прднат пред жените. Па тоа вреѓа, па се издерава, па ќе излага од кола да тепа…деца ќе тепа, шупакот, еееееееј.
Лажам.
Поодвратни се глупачите кои возат бесни аута, кои на тоа апаратурите од главите имаат фризури што коштаат по 5.000 денари, направени на разни Академии бе!, усмрдени пуфли кои пушат цигари и разговараат на мобилен у вожња.
Па тие како се увреѓени кога ќе им ги исчистат шофершајбните, како да си им нагазил на тоа папците нажуљени и втерани у скупи кондури.
Се дерат сељанкиве како да ги плеснал некој у буљарица, па им се мрдаат тоа сармите од нервоза…еј не можам више.
Сега ми е полесно малку.
Ах колку сакам некој од нив да се препознае у текстов, ама нема шанси.
Тие компјутерите ги користат само за да кажат колку им се скупи и од која фирма се, а најчесто на нив играат пасијанс.
Ај чао.

Посетено 5.891 пати

Сашо Христовски

Сашо Христовски

Сашо Христовски