Она кога ја бакнуваш жабата и таа станува принц на друга девојка, каква иронија!

 

ab11340.jpg
Беше жаба, а јас се надевав дека ќе стане принц, но ништо од тоа си остана обична жаба која само знаеше да крека наоколу и да ги јаде мувите што седеле на гомната околу него.
Кога ќе размислам подобро и самиот беше гомно, а сличностите се привлекуваат.
Од мене се одбиваше постојано, можеби му мирисав на искреност или можеби му смрдев на добрина, затоа избега, не знам.
Беше од оние момчиња кои не изразуваат чувства, не дека се срамат туку ги немаат, па те залажуваат дека не се тие од тие, папучарите.
Не си папучар ако си ја сакаш женската, ало!
Не е важно, се однесуваше како кретен, позанес дете од него немаше во градот, се курчеше со колите, моторите, ланците околу врат, понекогаш дури се срамев кога излегував со него.
Секогаш пиеше виски дури и преку ден на Широк Сокак, само за да биди виден дека пиел виски.
Но, го сакав, кога бевме сами беше мил, се менуваше дечкото, ја покажуваше својата вистинска страна, а не онаа која ја покажува за да се скрие од својата ниска самодоверба.
Мислев дека ќе го променам, го терав да чита книги, да си го збогати вокабуларот, да се однесува покултурно, му кажав искрено како делува врз околината и тој сето тоа го прифати без збор.
Започна да се однесува покултурно, посмирено, се облекуваше поубаво, се средуваше повеќе од мене, едноставно бев среќна што успеав да му покажам дека курчењето не е тоа што му треба во животот за да стекне почит и добар впечаток од околината.
Се смири, ме изненади неочекувано, но пријатно.
После извесен период дознав дека се заљубил дечкото, затоа така се сменал, знаете љубовта менува, но не се заљубил во мене, туку во друга.
Кога го дознав ова, од девојката што раскажала низ цел град дека се гледа со него потајно, го прифатив смирено, си реков во себеси, барем успеав да направам човек од него, а тој ме направи гомно.
Но, океј, ништо страшно, нека си го живее животот како што сака, а јас ќе најдам некој што нема да морам да го менувам да биде подобар, ќе најдам некој што веќе е најдобар.
Ете девојки, такви се момците, односно сите луѓе, ќе им ги отвориш очите и ќе ги видат сите околу тебе, секако освен тебе.
Го учев за друга, го облекував за друга, го спремав за во врска со друга, да биде принц на друга девојка,но гомното секогаш ќе си остане грдо, макар и да се маскира во принц, секогаш ќе смрди.
Тоа ти е таа иронија кога ја бакнуваш жабата, да стане принц и навистина станува, но на друга девојка неверојатно, нели?
Посетено 4.928 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!