Новогодишната честитка што никогаш не ја прочита
“Среќна Нова година, посреќна од сите досега.
Не дека претходните беа за жалење, но не беа баш на завидно ниво за двајцата, сигурна сум дека ќе се согласиш со мене.
Што да ти кажам, а да не те излажам, што да ти посакам, а да не биде клише?
Љубов? Ќе ти ја дадам!
Среќа? Ќе се потрудам да ја почувствуваш покрај мене.
Пари? Знам дека самиот ќе ги добиеш.
Здравје? Тоа зависи од тебе, твоето тело е храм во кој се покоруваат твоите мисли, запомни.
Не треба да ти посакувам ништо од ова наведеното, доволно е да те потсетувам на него секој ден со својата љубов во наредната година, секако доколку ми дозволиш да останам покрај тебе.
Заборави на проблемите за момент и почувствувај ја новогодишната магија во воздухот измешана со мојата љубов која се труди да допре до твоето срце.
Вдахни си малку од празничниот дух кој знам дека те радува и биди среќен!
Радувај се на ситници, тие го прават животот поубав, радувај се бидејќи си моја ситница, ти ми го правиш животот најубав!”
Адреса: не е важно повеќе, помина Нова година.
Посетено 1.719 пати