Бог е над сите нас, и никој нема право да се величи пред него…

Не го одминувај гладниот, ќе го познаеш по погледот, не врти ја главата настрана кога ќе го здогледаш босиот, не ги затварај очите кога ќе те заболат нечии солзи… За трошка лепче, и малку љубов..

Не го затворај срцето во темни зандани само за да им служиш на Богохулењето и ниските страсти…

Не ги менувај навиките за никого, тоа е твој живот, твој светол храм каде ја одмораш својата душа..

Не му служи никому, бидејќи никој не е господар на овој земен свет. Бог е над сите нас, и никој нема право да се величи пред него…

Денес најди време и начин да подадеш рака на тој што му треба, да го поделиш лебот со тој што е гладен, да се насмееш на тој што е тажен, да подариш љубов таму каде што треба….

Половина од сликите што ги ставаме на „ФБ“ се фотомонтажа на среќа, љубов, и благосостојба…

Бидете блажени во душата, дарувајте сакајте искрено од срце..

Бог го препознава тоа, а сиромашните се први кај него бидејќи имаат најбогат дух…

АМИН…

Оливера Ширговска

Посетено 190 пати