Неколку зборои за македонцкиот Фејсбук
Колку и да го хејтам фејсбук како социјална мрежа, искрено денот би ми бил многу досаден ако барем на секој пола саат не влезем,онака, само да проверим шо како. Не дека многу ме интересира кој што,од моите 1000 и кусур пријатели (што не ги познавам поише од 800) прае, туку онака де, проаѓа време. И сварно не дека многу хејтам, ама има неколку типови на личности на фб, шо ми доаѓа инспирација од нив не само да почнем да пишуем блог, ќе издадем може и книга еден ден.
[fblike]
Сфаќам дека на фејсбук преовладува слобода на говор и не знам таму што, но таа слобода од страна на некои личности толку иритира што мене (а сигурно и на многу од вас) ми иде да земем и да вриштим колку ме држи глас.
Прв тип, што заслужно се наоѓа на листава е “гејмерите”. Седиш и оп, нотификација : Петко just send you a request in не знам каков ville. Човече, колку пута више ?! Играј се сам со себе, немам ништо против, ама кај ме најде мене бе?! НЕ ИГРАМ игри. И пишуем статус ваков и истиот Петко like ?! WTF ?! И да, ќе го избришев од пријатели да не беше истиот тој Петко роднина, прв комшија, пријател.
Втор тип доста иритантен, си фатила дечко и као ми глума холивудски пар шо строго тераа ручек у ресторан. Ок е, немам ништо против, ама зошто мислиш дека нас не интересира чек ин-от со се сликата од ручекот ?! Никого не занима шо ручаше. Трет тип – си стае слика,линк,статус и си ја лајкна сам. Сакаш да ни кажеш дека некоаш ставаш и слика шо не ти се свиѓа? Или се запрепастуеш колку паметен статус само што пиша?! Не знам, мене ми седи ко некој да нема пријатели. Овде нормално мора и да се спомне типот – вицотека. Се решава овој тип денеска на пример секој можен виц шо ќе го најде на вицотека.мк или слична страна да ни го препише на ФБ. Добра работа е што не е мрза, ама својата хиперактивност искористи ја у друга насока. У склоп на овој тип постои и типот – патетика, што ќе ги препише најтужните пораки за животот, љубовта, среќата шо ги нашол на ризница. Животот е премногу краток- да, за да земеш и да ни постираш вакви поучителни пораки. А и за таквите љубители си го иамо Семе Синапово.
И као последен тип морам да ги спомнем родителите што ги имам на фб. Сите они имаат најубаај и најталентирани деца, па ги тераа по дома да изведуаа најразлични песни и кореографии (иако децава едвај знаа да збора) и ги постираа на фб као леле случајно ги снимавмо. Знам дека дојде некоја мода со вакви слични клипчиња по јутјуб, ама тоа е драги мои Америка, а повеќето од тие деца се сварно талентирани. Остај го детето да ужива додека расте, не го експонирај за да го храниш своето его со “лајкови” и да си ги лечиш фрустрациите од твоето детство.
Да, има и уште еден мал милион типови, ама за сега е доста. И така ова беше прво пост, онака колку да се пробамо. Останите фини до нареден пост, а ја се враќам на моите пријателчиња од фб.
kukli4ka
25. Септември 2012
Посетено 3.870 пати