Околу леснотијата на (тенденциозното) ноншалантно коментирање и осудување од страна на оние кои се во сигурна и длабока конфорна зона кога се во прашање финансиите и економската (благо)состојба

Околу леснотијата на (тенденциозното) ноншалантно коментирање и осудување од страна на оние кои се во сигурна и длабока конфорна зона кога се во прашање финансиите и економската (благо)состојба а за разлика од, да речеме приватникот кој по(сле) 29 години чесен и труд полн ризици, не само што загубил буквално се’ што има(л) туку и се задолжил за да опстои во лажна надеж и без никаква институционална помош, со единствена цел да ги прехрани децата па да плати сметки, за повеќе од основното не ќе дискутираме…

 
Инаку… децата на текстописецов, ако се потсетиме дека чумава стана реална некаде околу 10-15 март нивните баба и дедовци за прв пат ги имаа(т) видено на почетокот на јуни, 2 или 3 отприлика! До тогаш 3-4 случајни маалски средби, проследени со плач како оној на Децата Бегалци, едни визави други со тегнења, со влечења со све, а исклучиво поради почитување на мерки(те) за заштита! На јубилеен роденден кај кумашинот никако, на годишнина од свадба кај кумашините такоџе, немешање со кумот барем за роденден, комуникација со едно единствено семејство! И, толку! Ок и ретки (потонат-и) бизнис средби на дистанца и на отворено. Маски секогаш и секаде, освен парк и планина! Од утре и таму…
 
Да не се шири темата… се имало свој почеток и крај, па така и чумава проследена со апатија и агонија, со тага и очај. Ќе се издржи и со (потешки) последници ќе се живее и понатаму, дај Боже во здравје и будност!
 
Авторот и е познат на фамилијата и на потесниот круг на пријатели!
 
П.с. за петте херои кои го помагаат семејството на тастатурашов, во друга прилика!
 
Поздрав од Крушево, каде (што) се вложени последните позајмици и резерви, а каде е најден релативен мир и спокој на душата!
 
Поздрав, до некои подобри денови и времиња!
 
Посетено 701 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!