Не заборавај да си купиш СТАРКИ

Купуваш став


Култни патики. Претставуваат бунт, различност, индивидуализам. За малку пари можете да бидете единствени, оригинални и пред се различни од обичните смртници што немаат Converse – All Star
и не се воопшто кул.

И тоа не е се, за само една недела ќе станете горд сопственик на воздушен ѓон и тоа без никакви доплати. Нормално, за да бидете навистина оригинални, вашите старки мора да се Conversе. Платнените ‘шангајки’ купени од тезга не спаѓаат во оваа категорија. Со самото купување на оригинал старки, вие купувате повеќе од патики. Купувате став! Купувате бунт против немилосрдниот систем, купувате права за животните, купувате пропаганда за светски мир. Ако приметите дека косата нагло ви станува црвена, или како сте креативни како никогаш до сега, не грижете се, тоа е само знак дека е се во ред, старките почнале да дејствуват, а вие сте повеќе од оригинални.

Посетено 4.230 пати