Не обидувајте се да бидете убави како неа, бидете убави како што само вие можете да бидете

coolЛуѓето сакаат убави нешта, а особено убави луѓе. Вистина е дека убавината може многу да ви го олесни животот. Сепак, да бидеме искрени, животот ќе ви биде полесен само ако убавината е поврзана со интелигенција.
Гледате, луѓето и интелигенцијата ја сфаќаат како вид на убавина, што всушност е  точно. Ако една убава личност не е интелигентна, тогаш тоа нема да и е од корист.
Физичката убавина нема да ве однесе онаму каде што вие посакувате да сте во животот. Како и да е, убавината може само да ви биде предност кога веќе толку сте постигнале. Се разбира, сето ова тешко може да се измери, бидејќи љубовта во голем дел е субјективна.
Уметниците и научниците расправаат за тоа дека златниот пресек е она што ја дефинира убавината. Односно, човечките суштества сметаат дека другите човечки суштества се привлечни кога различните апекти од нивната фацијална структура формираат златна средина. Како на пример, се вели дека е идеално човечката глава да биде 1.6 пати повисока од тоа што е широка.
Златниот пресек, исто така го среќаваме во уметничките дела на Микеланџело, како и во самата природа. Златниот пресек , всушност се изразува со број кој се вика ‘фи’. Се смета за ирационален број и има едно единствено позитивно решение и децимали кои немаат крај.
Малку е тешко да се замисли дека единствено ова ја дефинира убавината. Земете за пример како тоа се дефинирала убавата жена низ годините. Пред неколку стотици години ги сакавме жените кои имаат блед тен и се згодни. Денес, пак, сакаме да имаат исончан тен и да изгледаат како манекенки.
Иако јас сум сигурен дека златниот пресек игра улога во она што ние го гледаме како убаво, но кога станува збор за луѓето, убавината ја гледаме на друг начин. Една жена не е само убава или грда. Таа може да биде симпатична, слатка, секси, провокативна… и други комбинации.
Една работа која повеќето луѓе ја сфаќаат кога станува збор за убавината е дека луѓето ја воочуваат убавината исто како и се останато- со правење споредба или пак кога нешто е спротивно од нешто друго. Дали една убава слика е убава слика ако има милиони идентични копии? Многумина би рекле да, а други- не.
Сепак, секој ќе каже дека не е возможно милион идентични луѓе да бидат убави. За некои од нас, тоа е неприродно. А што е уште поважно, кога зборуваме за луѓето од денешницата, уникатноста се смета за особено убава. Ако сте исти како и сите останати, тогаш луѓето ќе пронајдат некоја вродена непривлечност кај вас.
Она што е уште поинтересно е што и покрај тоа што комплетната едноличност ја сметаме за грда, дури и ‘поинаквите’ ги сметаме за грди. Тешко е да се разбере и да се биде во тек со она што луѓето го сметаат за убаво- секоја сезона има нов тренд.
Сето ова е поради тоа што луѓето кои ги поставуваат трендовите, секој на убавината гледа на поинаков начин, а тие се оние кој одлучуваат што е а што не е убаво. Се додека, се разбира, не дојдат некои други.
Златниот пресек може да го сметаме како еден златен сооднос кој функционира речиси како инфраструктура за убавината, но поради тоа што ние сме невројатно егоцентрични и тврдоглави видови, на крајот ние самите одлучуваме што е убаво, а што не е. Добрата вест е што вие сте исти како и другата девојка/ момче.
Единствената работа која треба да ви биде важна е како тоа вие самите се согледувате. Не е важно како другите луѓе ве гледаат бидејќи живееме во свет во кој навлегуваме во интеракции со другите за да добиеме она што сакаме.
На крајот од денот, ако не верувате дека сте убави, или брилијантни, или симпатични, или секси, или слатки, или естетски привлечни, или едноставно неверојатни- тогаш нема да сте среќни.
Интелигенцијата или личноста, или на што и да се повикате, ќе биде онолку убаво или грдо како и вашиот физички изглед- тоа има влијание во равенката.
Сакам да размислувам за тоа дека интелигенцијата се повеќе и повеќе зема учество во тоа равенство. Сакам да се надевам дека со стареењето и еволуцијата на човечката раса, интелигенцијата ќе биде клуч за опстанок и просперитет.
Но и покрај тоа, ова е малку поинакво размислување во поинаква реалност, која ве води на лични патувања кои од вас ќе направат уникатна личност, а ако овде го споменеме и моралот, тоа е токму она што ве прави убави.
Не морате да бидете убави како и другата девојка. Вие имате потенцијал да бидете убави на свој уникатен начин.
Секогаш е добро да се разберат основните, квантитативни аспекти на убавината, но и тоа не е доволно бидејќи не соодветствуваат со најубавото нешто на планетата- човечкиот ум.
Вашиот ум е прекрасен, па затоа вие имате потенцијал да му покажете на светот колку убав човечки примерок сте.
Не паѓајте во стапици следејќи трендови, обидувајќи се да се вклопите во она што другите го етикетираат како дефиниција за убавина за одредена сезона или генерација.
Бидете свои, и тоа бидете свои во најдобрата можна верзија. Другите ќе ја препознаат вашата убавина, а што е најважно, ќе ја препознате и вие.
Посетено 1.637 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!