Не навредувајте ги вашите бивши, тие биле ваш избор
[fblike]
Не дека јас не ги вреѓав, но денес сфатив дека не треба повеќе.
Бившите да ти биле мој избор кога ќе ми текне, зарем сум ги навредувала додека биле со мене? Можеби малку со прекари од типот свиња, ѓубре, глуп…
Ама тие биле дозволени.
Наместо да ги навредувате, заблагодарете им се што биле дел од вашиот живот, а еве и зошто треба да го направите тоа уште денес со овој текст.
Некои од нив ви ебале дел од животот, а богами и вас или вие нив
Посебно доколку се работи за оние бивши кои ви оставиле лоши спомени, не заборавајте дека иако ви ебале дел од животот, сигурно ве ебале и вас или вие нив, а тие спомени и не се така лоши освен ако не биле катастрофа во кревет…
Некои од нив ви дале искуство
Без разлика дали станува збор за сексуално, искуство за доверба, искуство за изневерување и слично, сепак ви дале некакво искуство кое никогаш не би го добиле да не сте ги запознаеле.
Некој од нив ве научил на нова секс поза, друг ви покажал дека на секому не треба да се верува, трет ве изневерил и ве научил да не изневерувате никогаш, четврт ви докажал дека понекогаш изгледот лаже и слично.
Некои од нив ве научиле на лекција
Независно дали убава или не, некои од бившите ви одржале лекција која можеби некогаш ќе ви користи во животот.
Како на пример да знаете да распознаете клошари/ клошарки и да бегате од нив.
Некои од нив ви станале доживотни непријатели
А тоа ви одговара на вас, бидејќи знаете дека некој секогаш ќе се обидува да ве паѓа во очите на другите и да ве мрази, а да ви се восхитува, додека останатите околу него ќе го слушаат вашиот успех и ќе им го пренесуваат.
А, верувајте успехот е најдобра одмазда! (поздрав бивши)
Некои од нив секогаш ќе ве сакаат, но никогаш нема да ве имаат повторно
Ова важи за оние глупавите кои ве земале здраво за готово, па се изненадиле кога навистина било готово…
Некои од нив ве скршиле
Но, тоа ве направило личноста која што сте денес, а богами и стакло од кое може да се исече секоја грда фаца што ќе ви пријде. (исклучок не е бивши кој мисли дека има искуство со срча).
Некои од нив ве навредувале
Со тоа ве научиле дека навредата која ја упатуваат кон некој друг, најверојатно ги одразува нив и нивното незадоволство од себеси и комплексите кои морале да ги лечат на вас.
Некои од нив ве озборувале
Онаа ја ебев, ја ебев, ехеееее/ Онај го заебавав, по газот ми трчаше…колку ли муабети вакви имате слушнато од вашите бивши, што ви доаѓа од срце убаво да се изнасмеете?
Кога некој ве ебел, сигурно и вас ви било убаво, а кога некој ви трчал по газот, можеби тоа го правел за да ви го шутне, нели сте помислиле на тоа некогаш?
Некои од нив ви дале убави спомени за паметење
Постојат и вакви, но се многу ретки, бидејќи да би бил некој добар или добра, не би бил бивши или бивша.
Сепак постојат оние за кои секогаш ќе жалиме што не сме успеале да успееме со нив.
Некои од нив заслужиле да умрат, но добиле втора шанса за живот, а со тоа ве направиле поголем човек
Независно дали станува збор за психичко или физичко малтретирање (можеби и двете заедно) или нешто сосем друго кое ви дало привилегија вие да бидете тие што ќе ги погребате.
Сепак сте испаднале поголем човек и сте ги пуштиле да живеат знаејќи дека никогаш нема да живеат навистина.
Што би додале вие?
Посетено 2.279 пати