20 Типови на луѓе кои ви пречат на социјалните мрежи

Социјалните мрежи претставуваат одличен начин да останеме во контакт со луѓето со кои сме изгубиле секаква комуникација во последните години и исто така се одличен начин за стекнување на нови пријателства. Со текот на годините, следејќи ги социјалните мрежи, често се соочуваме со многу луѓе кои објавуваат содржини кои можат да бидат досадни и содржини кои едноставно ни пречат. Има многу нешта кои луѓето ги објавуваат на социјалните мрежи  и со тоа ни одат на нерви, а понекогаш дури и ги бришеме од пријатели или престануваме да ги следиме. Да погледнеме неколку работи кои ги објавуваат луѓето на социјалните мрежи, а кои нас ни пречат.
,,Барања за игри,,

1a
Конечно се одлучувате да се логирате на Facebook и забележувате дека имате известување. Можеби помислувате дека некој ве спомнал или пак ви коментирал на една од вашите објави или фотографии, но не. Напротив, тоа е известување за барање за игра.

,,Луѓе кои ставаат само извадоци – текстови,,

2a
Овој тип на луѓе секојдневно ставаат различни текстови од најразлични веб портали на своите социјални мрежи. Ова се тип на луѓе кои никогаш не ставаат своја фотографија, ниту пак пишуваат статуси за себеси.

,,Љубители на селфи,,

3a
Секој од нас одсекогаш сакал да објави добро селфи. Но, што ако таа личност постира свои селфи фотографии 3 до 4 пати дневно? Факт е дека на сите фотографии кои сте ги прикачиле во еден ден изгледате исто. Нема потреба константно да го споделувате своето лице со вашите пријатели на социјалните мрежи.

,,Кралот / Кралицата на драмата,,
drama queem-naslovna_majkatiitatkoti

Овие личности секогаш прават драма во текот на својот живот. Тие чувствуваат потреба секојдневно да драматизираат објавувајќи содржини (со драма моменти) на нивните социјални страници.

 ,,Известувач – Апдејтер,,

5a

Тоа се тип на личности кои постојано ги обновуваат нивните содржини, секоја секунда, минута, час. Тие мислат дека е потребно на целокупната публика на социјалните мрежи да им соопштат што прават тие во моментот, дали ќе излезат во ресторан, на прошетка, или пак ќе одат до маркет.

,,Членови на фамилија,,

6a

Социјалните мрежи треба да бидат место каде што можете да бидете она што навистина сте. Доколку објавувате содржини со експлицитна или вулгарна содржина постојат огромни шанси вашите членови од фамилија да можат да коментираат, или пак да ви посочат дека не треба тоа да го објавувате, или да ви наложат веднаш да избришете одреден статус, фотографија итн.

 ,,Пазачи,,

7a

Овде се работи за луѓе од вашата листа на пријатели на вашите социјални мрежи кои ве контактираат веднаш откако вие ќе објавите нов статус или пак ќе објавите нова фотографија.

 ,,Зафрканти,,

8a

Ова е група на индивидуалци кои секојдневно објавуваат работи на социјалните мрежи кои вообичаено завршуваат со смајли. Доколку се работи за шега, која е поентата да се споделува со илјадници луѓе на социјалните мрежи?

 ,,Уништувачи,,
9a

Ова се тип на луѓе кои објавуваат некое ново премиерно телевизиско шоу, или пак нова епизода од некоја популарна серија и при тоа ја уништуваат можноста истото шоу да го погледне останатиот дел од светот. Ова е причина зошто ги одбегнуваме социјалните мрежи после излегувањето на некоја нова епизода од некоја серија или пак некое ново ТВ шоу кое планираме да го гледаме.

 ,,Деактиватор,,

10a
Овде се работи за личности кои често го најавуваат нивното идно заминување од социјалните мрежи и деактивирањето на нивниот профил. Кога ќе се одлучат да го вратат профилот, тие сакаат повторно да објават дека го вратиле својот акаунт на социјалните мрежи.

 ,,Постирање на стари фотографии,,

11a

Овие типови на луѓе секогаш објавуваат фотографии од минатиот четврток. Нив воопшто не им е грижа дека таа фотографија е сликана минатата недела, тие сепак се одлучуваат да ја објават.

  ,,Горди родители,,

12a

Споделувањето на фотографии од вашето преслатко бебе е навистина убаво. Но, дали навистина морате да ја покажете вашата фотографија од вашето бебе каде што доручкува и притоа е цело измачкано со храна по лицето и рачињата?

,,Претерувач,,

13a

Претерувачот е тип на човек кој има потреба буквално се да објавува на социјалните мрежи. Од купувањето на нови чевли, приготвениот ручек, билети за во кино, планови за патување. Никој нема потреба да го знае секој ваш чекор во вашиот живот.

  ,,Млад брачен пар,,

14a

Љубовта е прекрасна работа во животот, но може да биде прилично заморно доколку нон стоп зборувате за вашата неодамнешна венчавка. Ова е приказна без крај, а хаштаговите ќе ги натераат сите да отпревртуват со очите.

,,Во врска или сингл,,

15a

Ова се луѓе кои секојдневно објавуваат како се заљубени и како се во врска, а следниот момент се повторно сингл. Ве молиме, чувајте ги вашите моментални статуси (во врска или сингл) подалеку од социјалните мрежи.

,,Скрин шоткатови,,

16a

Која е целта доколку некој го лајкне вашиот статус, фотографија или твит и вие од тоа да направите скрин шат? Ова се социјални мрежи, нормално е и природно дека ќе постои меѓусебна интеракција.

,,Хаштагер,,

17a

Хаштагерот има потреба да му става хаштаг на секој збор во секоја реченица.

#тешко#се#чита#реченицата#и#е#прилично#заморно

,,Ја мразам својата работа,,

18a

Повеќето луѓе сакаат да постираат колкава тешкотија им претставува да одат на работа и колку ја мразат својата работа. Постои огромен број на луѓе кои ја посакуваат истата работа која ја имате вие, затоа бидете благодарни.

 ,,Одење на фитнес,,

19a

Одлично е кога луѓето ќе донесат одлука дека ќе почнат да работат на своето тело и ќе го трнасформираат. Како и да е, дали е сепак потребно да правите селфи, да се чекирате или да пишувате нов статус секојпат кога одите на фитнес?

   ,,Музичар,,

20a

Секогаш постои некој на социјалните мрежи кој воопшто и не го познавате, а кој константно бара од вас да ја слушате неговата музика. Еве новости за вас: На никого не му е грижа за вашата музика.

Посетено 4.105 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!