Не го потценувајте влијанието на боите во домот: Саем за мебел 2016 ви ги открива најновите светски трендови

Боите се наоѓаат насекаде околу нас, но сепак нивното влијание во животот и секојдневието најчесто е потценето. Имено, боите на нашето расположение делуваат потсвесно, па токму поради тоа најновите истражувања на научниците ширум светот откриваат дека при уредувањето на просторот за живеење освен нашите вкусови, треба да се земат во предвид нивната складност, но и чувствата кои тие ги побудуваат кај нас.
mebel-pocetna
Без разлика на тоа дали тоа се однесува на ѕидовите или на мебелот, вечната дилема која боја и притоа која комбинација да се одбере, секогаш одзема време. Всушност, вистинската комбинација на боите е клучот за пријатен, стилски, топол и модерен ентериер е една од првите работи кога размислуваме при реновирање или декорирање на домот.
mebel1
Меѓународниот Саeм за мебел (22-ри до 27-ми март) кој без конкуренција е најпосетуваниот саем во нашата држава и притоа привлекува големо внимание во регионот е одлично место каде што граѓаните имаат најголем избор за да го одберат своето омилено парче мебел, но и да ги дознаат глобалните трендови. На овогодинешниот Саем за Мебел, ќе се случува вистинско уживање за сите оние кои ќе дојдат да си купат нешто за дома, дворно место или канцеларија од 400-те странски и домашни изложувачи кои имаат понуда од 10.000 иложени парчиња на мебел и сето тоа за прв пат во рекордни 11 саемски хали..
mebel2
На Саемот за Мебел на лице место ќе можете да комбинирате со боите на мебелот. Боите никогаш не се изолирани, освен ако тоа плански не е строго определено. Тие секогаш се опкружени со други бои и се дел од вкупната шема на бои. Таа шема на бои ги вклучува ѕидовите, подовите, таваните и мебелот. За да ја сложите сопствената шема на бои што е можно подобро, определете се за боја или обележје кое ќе биде носител на вашата шема. Тоа може да биде гарнитурата за седење, ѕид, тепих или друго парче мебел. По ова одлучете дали сакате во домот да имате хармонична шема која ќе биде “дел од тимот” или пак сакате контрастна шема каде одредени бои ќе бидат најистакнати.
mebel3
За 2016-та година научниците откриваат дека најголем хит се т.н. хармонични шеми на бои. Имено, во оваа шема сите бои се складни и не си конкурираат една на друга. Ниту една боја не бара посебно внимание, па така расположението кое преовладува е смирувачко. Постојат два основни типа на хармонични шеми. Еднобојната шема вклучува една боја со послаб интензитет, како што е на пример светла беж, светло сива или бела боја во ограничен интервал на вредности. Оваа шема често се употребува во изложбени салони бидејќи нејзината смиреност создава совршена површина. Било каков предмет кој е со интензивна боја или е упадлив, внесен во оваа шема на бои ќе го сврти вниманието на себе прекинувајќи ја еднобојноста, што може да се искористи како предност доколку сакате нешто да биде забележливо.
mebel4
Монохроматската шема се состои од една нијанса, но во широк дијапазон на вредности и интензитет на еднобојната шема. Монохроматската шема која, на пример, е заснована на жолта боја, може да вклучи светло-жолта, лимон-жолта и златно-жолта боја кои можат да се употребат индивидуално или во комбинација. Монохроматската шема го чини целиот простор посебен. За разлика од хармоничните шеми, контрастните шеми постојат за да привлечат внимание. Кај нив бојата не е случајна, туку претставува жаришна точка. Постојат неколку делотворни видови на контрастни шеми. За почеток може да се напомене дека контраст може да се постигне со употреба на аналогни бои (бои кои се наоѓаат на “кругот на бои” една покрај друга), на пример, сина со тиркизно-зелена (сино-зелена). Сепак, понекогаш аналогните бои нема да дадат преголем контраст туку ќе изгледаат како да припаѓаат на хармонична шема.

*Промотивен текст

Посетено 2.609 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!