НЕ ЧИНИ ЧОВЕК ПРЕМНОГУ ДА МИСЛИ

Од дневна го слушам паничниот глас на Соња:
-Леле Зокииии што ти е, ти ја нема главата!!!!
-не викај ма , во фрижидер сум.
Одма доаѓа во кујна, ме гледа, превртува со очите:
-добро бе, со кој памет си ја ставил главата во фрижидер?“
-да се олади малце, ми зовре од многу мислење.
-ај ти па еден мислител!!!
-озбилно, многу мислев и почна да чади
па ја испрскав со вода и ја оставивив на ладење.
-а бе зоки, и сам знаеш дека не чини
толку да мислиш, што не се зачлениш
во некоја партија?
-ај не ме дупи, знаеш дека не сакам.
-е што и’ фали на мојава партија?
-како што и’ фали, се’ лопови се собрале.
-што?.. демек и јас сум лопов?
-не си ти, ама тие во врвот се’ кој од кој.
-немој така, лидерот е едно најпаметно
и најпоштено суштество на свет.
-хахах ај кажи ми уште еден виц да се насмеам.
-ќе ти се наљутам да знаеш.
-ај не претерувај, извади ја и ти главата
и стави ја до мојата, супер е.

panker friz_majkatiitatkoti
-нема шанси,100 пати сум ти кажала
дека не поднесувам ладно
а и треба да идеме кај моите на ручек.
-една причина повише да ја оставам тука,
мајка ти како готви и вирус на ебола
може да отруе со нејзината мусака.
-ок, ќе идам сама а ти умирај од досада
во фрижидеров.
-нема, баш убав муабет си правам со пармезанов
а после ми вети ќе ме учи италијански
да зборам.
-како сакаш кретену!
Ја тресна вратава од фрижидер и отиде.
Ова беше пред 3 дена и уште ја нема да се врати,
или се отрула од
храната на мајка и’ или ме откачила.
Како и да е во незгодно сум,
вратава не се отвара од внатре
и веќе ладничко ми станува
а и пармезанот го изедов

Посетено 1.031 пати