Најдобри диоптриски очила од дизајнерската понуда

Miu Miu, Oliver Peoples, D&G…
Najljepše dioptrijske naočale iz dizajnerske ponude

Очилата за вид оддамна веќе не служат исклучиво за својата примарна цел, која е видлива и според богатата понуда на оптички рамки на најголемите модни куќи…

Како што беше случај со многу други производи, диоптриските очила ја надминаа својата оригинална намена. Можно е дека ова е најекстремен пример, бидејќи неверојатно многу луѓе денес носат оптички очила, иако немаат никаков проблем со видот. Модната индустрија на време го забележа потенцијалот на продажбата на овој производ и започна со кампањи со познати и успешни личности, на кои токму очила им даваат додатен шарм, секесепил или авторитет. Во последните неколку сезони доминираат очила со големи рамки, како што се носеле пред неколку децении, но во најновите колекции на водечките дизајнери, можеме да заклучиме дека се во тренд речиси сите форми и бои. Граници нема, а на вас е да одлучите дали сакате да се истакнете само со рамки или преферирате минимализам и класика. Подолу можете да видите некои од најпознатите дизајнерски модели на диоптриски очила.

baner-igor-forza

Посетено 1.121 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!