8 сигурни знаци дека се наоѓате на мулти-левел презентација

  • На презентација ве довлечкал некој роднина шо досаѓал подолго време
  • Стоите пред некоја сумљива сала, со екипа непознати ликови кој се очевадно у финансиска Атлантида, и две-три дами наредени со злато и дотерани ко за на бал
  • Внатре во салата поставен огромен видео-бим на којшто кружат слики од Бахами, Малдиви и свири некоја I will survive
  • Излава некоја мудросерка и почнува да ви проповеда како Бил Гејтс и сличните нему милијардери се клошари пошто морале да работат за да стекнат таков капитал
  • Црта некакви графикони од типот ШТО БИ БИЛО КОГА БИ БИЛО и упорне ве убедува дека можете да напраете 45 миљона евра за година дена лежење по дома
  • Потоа вади некаков лист харитја со кој ве убедува дека фирмата е потполно легална и е регистрирана на Гибралтар од доктори по право, бизнис и менаџмент
  • Ви бара учество од 2000 евра, кои треба да ги обезбедите за пола саат, како би влегле во целата таа приказна
  • Излегувате од салата посиромашни од било кога
Посетено 488 пати