„Мозила“ го гаси „Фајерфокс“ и отпушта вработени
[fblike]Според информациите на „Си-нет“, компанијата ќе ја напушти потпретседателот Ари Џакси и директорот за развој Бертран Нојвикс. Од „Мозила“ го потврдија „затворањето“ на овој проект, но не прецизираа колку работници ќе отпуштат. Тие соопштуваат и дека на некои вработени ќе им биде понудено место во другите оддели на компанијата.
– Мораме да го смениме нашиот пристап кон Интернет, па се вративме чекор назад и се фокусираме на комерцијалното производство, на научно истражување и развој – велат од „Мозила“.
Откако „Хром“ ја заземаа доминантната позиција меѓу интернет пребарувачите, компанијата се фокусираше на развојот на оперативниот систем „Фајерфокс“ за мобилни уреди, но експериментот не успеа.
Извор
Посетено 785 пати