Можеби Има Многу Риби Во Морето, Но Јас Не Знам Да Пливам!

mozebi-ima-mnogu-ribi-vo-moreto-no-jas-ne-znam-da-plivam-1[fblike]
Ме учеше како да пливам, но не ме научи како да пливам сама без тебе.
Животот е како водата рече, ако пливаш ќе ти покаже неверојатни работи под површина, не ми кажа дека тие неверојатни работи се неверојатно грди кога ќе стигнеш до нејзиното дно.
Ме научи како да пливам, но не ме научи како да нуркам, не знам како да нурнам во живот без тебе и да не паднам на дното.
Затоа постојано паѓам на дно кога се обидувам да нурнам, нема кој да ме дофати, да ме спаси, нема кој да нурне со мене и да ми покаже дека наместо на дното можеш да паднеш во убавината на пливањето заедно со твојата риба која те води.
Ме научи како да пливам, но не ме научи како да дишам под вода, се давам, излегувам уплашена на површина не дозволувајќи си себеси да се обидам сама да научам како да дишам под неа.
Но, како би дишела кога и воздухот ми го зеде, се ми зеде, а не ми даде ништо, освен неколку лекции.
Ги научив на памет, но пракса не ми даде, а кога учиш на памет забораваш брзо, на памет не се учи, а ни тоа не ми го кажа.
Сега заборавив, кога ќе видам вода заборавам да пливам, можеби дека те нема, можеби дека се плашам да пливам сама, ми недостига мојата риба која ме водеше.
Сите ми викаат има многу други риби во морето.
Можеби има да, но јас повеќе ниту знам да пливам, ниту знам да препознаам риба.
Можеби има многу риби во морето, но јас не знам да пливам, си реков себеси и нурнав во длабочините на водата очекувајќи некој да ме дофати, но никој не се појави.
Ти не се појави!
Посетено 917 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!