МОЖЕ ТРЕТО ДЕТЕ, АМА НЕ НА ОВАА ФИНТА

zoki maticarot
„You may kiss the bride“

„Зоки што правиш?“- ми се јавува еден пријател
„Пржам тиквици“
„Па нели не јадеш тоа“
„Па не јадам.. ги пржам за да ги мачам,
ги брцкам во врело масло, па ги боцкам со вилушка
абе душата им ја вадам, да знаеш само како плачат
Мерак ми е кога ме молат да престанам, дека ги боли
дека …. Него батали тоа зошто ме бараш?“
„Да ми бидеш кум ако сакаш, се женам“
„Сериозно?.. никогаш не сум те видел со женска“
„Па со куче ќе се женам“
„Абе ај, да не си пролупал нешто во мозокот?“
„Не бе, тоа е брак од интерес … Кучкава раѓа по 15 кученца годишно,
знаеш ли колку субвенции ќе земам за трето дете,
па за 5-то, па за 35-то“
„А тогаш зошто не се ожениш со кокошка, ем милион деца
ем милион субвенции ем ќе ти остане и по некое јајце за кајгана“
„Се мислев ама ќе ме зборат низ маало, поедноставно е со куче“
И така, позајмив одело, позајмив пари за поклон,
и се нацртав во матично точно на време
Матичарот набрзина прочита што прочита
па ги прашува „дали сте роднини?“
Пријателов вика „не“, кучкава нешто сржа
„Добро, добро, морам да прашам, а и онака си личите“
-проба да се извади
„ај не тупи“-просра пријателот, кучето пак сржа
„Ок, готово“ – вика матичаров – „You may kiss the bride“
Ги гледам не ми се верува, овие апла се залапаа
Уствари чекај, не се лапаат него кучето му ја одгриза пола глава
на пријателов…. од секогаш имал чудна фаца
ама овака е .. што знам?…можда за нијанса поубав,
без тој бабура нос и клемпавите уши
Додека сватовите ја тргаат невестата која веќе до пола
го изеде несреќниов младожења
си го земав поклонот и
отидов на бензинска да го вратам, пошто од таму го купив
„Дечко не враќаме пари, ако сакаш замена“-ми вика продавачот
„па добро, дајте ми цигари и чоколади за сите пари“
„е не може тоа, можеш да бираш меѓу бензин и нафта“
„што знам?“
„имаш канистер?“
„немам“
„е па тогаш подобро земи безоловен, поздрав е“
„што има врска што е поздраво?“
„па не продаваме канистри, ќе мораш да го испиеш“
„аха,ок, тогаш дај ми безоловен“
И така, испив 100 литра бензин, сега 3 дена не смеам
ни цигара да запалам, ни љуто да јадам
Ќе ја памтам свадбава цел живот, жими се

Посетено 1.394 пати