Мојата улица од детството

mojata ulica-naslovna_majkatiitatkoti[fblike]
Улицата се вика “Никола Русински” во Карпош III, почнува од “Карев” и завршува кај “Сити”. На времето “Лептокарија” не постоеше, тука имаше ниви и ливади. Со “Пони” точаците бришкавме натаму мислејќи дека сме стасале до Вселената. Леле колку ни се чинеше далеку од петте кули пред “Тинекс”. Тогаш се викаше ” Супермаркет” и го викавме “суперот”. Помеѓу третата и четвртата кула имаше преубава фонтана, наоколу украсена со преубави цвеќина во бетонски окр…угли саксии. Сѐ се сотре. Денес улицата ќе експлодира. Не дише. Бришкаат со 200 на саат, одат да шопингуваат во ” Сити”, ти свират додека бараш паркинг, нестрпливи се. Абе алоооо ова е мојата улица? Кој сте бре вие да не знаете да почекате, да возите како улави, а за “ливадичките” никогаш не сте ни чуле?! Скоро насадија нова зграда на крајот од улицата. Полупразна е, ненаселена, арно ама си купиле станарите паркинг места со “оние портокаловите металните”. Миле ми текна вака ги објаснуваше “оние” за гласачките вреќи 🙂 🙂 🙂 И батките ги мрзи да ги спуштат браниците и се паркираат на пола улица. А бе алооо кои сте вие на мојата улица да ги оставате колите како ќе ви текне?!
Ропаци ја окупираа мојата улица од детството.

595x90

Посетено 1.185 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!