Машките Демек Не Плачат

[fblike]
Еден дечко ми стоеше на шанк,
нерасположен, со наведната глава
и џабе пробав да му направам муабет,
да го расположам,
едноставно сакаше да си биде сам со своите мисли
Ок, сфаќам како е и го оставивив на раат
Испи неколку пијачки,
ми остави пари и тивко си отиде
Ги земав, гледам и добар бакшиш има
и тогаш приметив 2 солзи на шанкот
Сакав со салфетка да ги избришам
и таман пред да ги допрам ми спискаа
„неее, немој , ќе не’ убиеш“
„па што да ви правам, солзи сте?“
„врати не кај сопственикот“
„ама тој тука ве остави !!!“
„знаеме, ама тешко му беше,
една го заеба и му раскина,
затоа ова се случи, малку заплака и ете ние се
стркалавме преку образите право на шанк“
„добро, ми текна, знаете кај живее?“
„да, не е далеку“
„добро, ќе ве ставам во чаша и ќе ве вратам
кај него, може?“
„јеее супер, баш ти фала“ – се израдуваа солзите
Така и направи, ги ставив во чаша и му ги
оставив пред врата со писменце
„дечко еве ти ги враќам солзите,
знам дека на сите ни е тешко понекогаш
и ни иде да плачеме
па и го правиме тоа, зошто да не?
ама земи ги назад и потроши ги
кога ќе плачеш од смеење,
ма потроши милион овакви само смеј се,
викаат добро било за здравје
Поздрав, шанкерот од Б.“
[youtube height=”280″ width=”420″]https://www.youtube.com/watch?v=9GkVhgIeGJQ[/youtube]
Посетено 1.455 пати

AnimeTV: Hotori: Tada Saiwai wo Koinegau anime episode Full online free at https://animetv.cc anime tv shows website

Watch Sugio: Mori de Koi wo Shite Episode 3

4Anime Watch anime online, English anime online HD

Animepahe: Detective Conan: Black History 2 anime episode Full online free at https://animepahe.cc free anime

Pantip: https://pantip.com/profile/6537969#topics

Speedrun: https://www.speedrun.com/user/animeflixnl