Маалски Рамстор во Капиштец пред затварање
Маалски Рамстор во Капиштец пред затворање. Една каса отворена, 20тина наредени. Тишина, нема музика… нема галама. Една девојка и вели на жената позади неа, одете пред мене имате помалку за наплата. Госпоѓата љубезно и се заблагодарува. Остануваме јас и едно момче позади девојката. Ми се врти и ми вели: Одете и вие имате само овошје и велам: Навистина нема потреба не се брзам, ви благодарам на љубезноста, но таа инсистира… одам и јас пред неа. Му се врти на момчето: Ако сакате одете и вие имате само млеко. Момчето некако посрамотен, вели: Не сепак ќе ве почекам.
Сите трогнати. Реагирам на глас: Ова е навистина чудно и едновремено пријатно чувство, не сме навикнати да си даваме предност едни на други, најчесто се случува спротивното. За момент помислив дека е скриена камера од оние психо – социолошки истражувања кога се мери пулсот и навиките на народот. Се создаде една убава атмосфера. Си заминавме сите насмеани.
Влегов во влез, а комшијата побрза да ми кидне со лифтот, иако ме виде. Толку од убавото чувство. А да, девојката, не беше скопјанка, комшијата е.
Фејсбук статус: Ивана Тасев