Ма што ќе му душа, политичар е

politicar_majkatiitatkoti

„извини саат имаш?“- ме прашува една слатка девојка
„за жал немам“
„а да не знаеш барем оприлика колку е саат?“
„абер немам, некој ми го украл ВРЕМЕТО додека спиев“
„леле..и мене исто ..сигурно е некоја банда“
„а пријави во полиција?“
„да..џабе, ми се смееја цајканите, ми рекоа дека мозокот
ми е испржен од многу фарбање коса
и да идам на психијатар“
„сакаш да направиме група на фб?“
„добра идеја.. јас сум Тања“
„Зоки, мило ми е… и баш ти е убава косата “
………………………………………………….-
„извините што ви се мешам?“-прозборе типот што стои до нас
„нема проблем, кажи“
„може и јас да се уклучам во групата“
„и тебе ти го украле?“
„ама не времето , ми го украдоа ПРОСТОРОТ“
„како тоа?“
„не знам како ама еве стојам во место веќе 8 дена,
не знам каде да мрднам,
не знам ни кај е право, ни лево … ништо не знам
како некоја сила да не ми дава да се померам од место“
„па може, ти си бетер од нас“
……………………………………………„
а може и јас со вас?“- еден стар избрчкан старец се вмешува
„а тебе чиче што ти е украдено?“
„немам ДОСТОИНСТВО, ми го земаа“
„е кој тоа?“
„ех деца, кој стигне..“
„па штооо знам, знам дека тешко се живее без достоинство
ама не сте вие за во нашата група, многу ве има, пола држава,
најдобро направете си своја“
……………………………………..
„сакам и јас.. не знам кај ми е ДУШАТА“
-се уфрла еден господин
„еј Столе ти си?“- го препознав карактеров
„да…се знаеме?“
„можда не ме памтиш …. еднаш во Балет
таков мортуси беше направен, не знаеше главата кај ти е
па јас на заебанција ти ја украдов душата,
ама ете заборавив да ти ја вратам, не се лутиш нели?“
„нема ако ми ја вратиш “
„важи ај биди пред рекорд за 2 саати“
„немој да си ме заебал“-заканувачки ми кажа и си отиде
„а бе Зоки,зошто му кажа за 2 саати,
од кај знаеме НИЕ колку се 2 саати??“ – ме прашува Тања
„еј да , не ми текна.. ама што е битно ,
изгледа дека без душа фино се живее,
гледаш како беше елеганто пополнет, пун себе, со ганц одело,
2 мобилни и залижан во косана како цел пакет Брилијант
да му се истурил на глава …
мислам дека е политичар, кој го ебе
да бидам искрен и таа душата што му ја украдов една СИТНА,
најситна душа што сум ја видел во живот.
него ние без време што правиме ?.. нема да знаеме
ни кога треба да умреме?“- нешто се подзамислив
„да, прав си.. ај ќе идеме во МАНУ да прашаме, они се’ знаат“
„важи… со мојата кола или со твојата“
„немам кола“
„ни ја, се зезав“
Се фативме за раце и полека тргнавме накај МАНУ,
не ни се брза, што е до мене подобро да ја носам дома
ама ај, има ВРЕМЕ

Посетено 909 пати