Луѓе, што е тоа 8. март?

Шкарт 8. Март

Ааааа, нема заеббанција годинава. Се осеќам некако јак и горд што во петокот не се зезнав, па да честитам 8. март на некое женче. Добро, баба ми се израдува како и секогаш,ама веројатно затоа што има над 80 годинки и затоа што пак ми ќари пољубац.
Луѓе, што е тоа 8. март? Лошо ми звучи последниве години.
Па, не можам да сфатам како е можно, на било која честитка, да добиеш корпа или едно јадно “фала”, како да си и акнал шамар или си и опцул мајка на дотичната?
И, во петокот се инсталирав на шанкот на една наша нова, одлична кафана, точно у 12, нула-нула и уз пивце ја следев манифестацијата наречена “групна прослава на жените од едно министерство”. И, ми дојде некако тажно на душава.
Педесетина мајки, тетки со “сарми” на главата, помладите со вечерни тоалети, во траорна, ама наместена и културна атмосфера, мезеа и попија по некоја пијачка од министерството, кое, се разбира беше “во тал” со газдата. И, си заминаа домче, веројатно да допрослават.
А, можам да замислам што се случувало по останатите скопски кафе-а, кафани, па и “шупи” кај што се служи пијачка, мевце, а се наоѓа и по некој ф’стак. Чочеци по маси и столици, сплет од народни маси и ора, шмекање со колегите и шефчињата, кои, види чудо, баш на 8. март собрале храброст да се удвараат и да “дрпаат” по колешките, откако претходно се направиле тапи. Па, уште кога ќе си дојдат дома жениве, изнаиграни, запотенки, некоја и потпивната, ќе имаат топол дочек од ХРАБРОТО МАЖЕ:
– Кај беше ма?8 mart цвеќе
– У кафана, од работа.
– Што пиеше, мори?
– Малку винце.
– Па шо си вака испотена?
– Игравме малку.
– А, игравте (тука, во екстремните случаи се можни ќутечиња, шамарчиња, па и бранење со молк во траење од неколку дена, па и месеци).
Е, па нека ни е на здравје-во општата мизерија и расуло на системот, го загубивме и овој празник, кој некогаш се славеше со пиетет кон жената, нашиот најбожествен пандан на планетава. Зошто дозволивме, овој единствен празник на нашиот вечен стремеж-жената, на нашите единствени Ѕвезди Деници (дали од минатото, сегашноста или во иднината, се едно) и нивната никогаш откриена женска тајна, да се претвори во празник на срамна, дволична формалност, од која се срамат и жените и мажите подеднакво?
Зошто дозволивме 8 март да стане празник на лицемерието, празник на прочката, на опростот на гревовите кои ние, машките шовинистички свињи и тоа како сме ги направиле од минатиот 8 март навака?
Затоа, мислам дека овој празник е празник на кафанџиите и на децата, кои по којзнае кој пат си ги воспеваат своите мамички-овојпат најофицијално и институционализирано, со познатите сецки и колажи од градинките и школите.
Оттаму, 8. март не е лошо законски да се забрани, а за возврат да се прогласи празник на жената, ама нон-стоп.
Постојано да се слави жената, бидејќи без неа, врвка ни е работава, бе браќа “храбри”мажиња. Кога ќе го сфатиме тоа, можеби некогаш и ќе ја откриеме тајната над тајните-Нејзиното Величество Жената.
Посетено 3.976 пати

Сашо Христовски

Сашо Христовски

Сашо Христовски