Лифт Стори

Во мој влез се всели една преубава девојка,
живо ангелче
Иако живеам на приземје се понашам како да живеам
на 12-ти само за да се возам со неа до 7-ми
Ја гледам скришно во огледало, не ми се верува
како може да е толку згодна а се понаша
така тивко и мирно, како да е сама на овој свет.
Единствен проблем е што како за беља не можам да зуцнам,
како да ми е бетонирана устава во нејзино присутво
како да ќе ја растурам целата магија ако прозборам
И еден ден, ден кој нема да го заборавам,
наеднаш снема струја и лифтот се заглави
Неколку дена седевме сами во темница
и конечно ми прозборе.
Е тогаш и мене ми се отвори устава
и наредната година-две се утепавме од зборење,
па се заљубивме и толку ни беше убаво
што и не приметивме дека во таа црна темница
сме се преобразиле во лилјаци
Ама нема врска, кога си заљубен сеедно ти е дали
си човек, лилјак или бандера
Ни се роди и бебе, едно трапаво лилјаче,
го крстивме Смирноф, чисто да звучи по аристократски
и не знам од кај му идеја ама еден ден ни побара чоколадо
-Какво чоколадо, што ти е на тебе?
-какво било, ми се јаде и точка
-а бе не биди такво кенкало,кај да ти најдеме?
-па да искочиме надвор и ќе најдеме,
досадно ми е цело време да живеам во лифт
и да ве слушам вас двајца.
Мислам дека едно 8 дена плачеше
и конечно попуштивме,
се протнавме некако низ дупките на раскантаниот лифт
и одлетавме во град.
А таму пустелија, никад не било толку тапа,
ама ни еден човек, ни едно животно нема,
се растурено и напуштено
Се туфкавме така неколку дена, видовме нема фајде
и одлетавме за Америка
Сега супер ни е, глумиме статисти во филмови за Бетмен
и други хорор ликови ама добро се живее
Таму дознавме уствари дека на тој денот кога се заглавивме,
26-ти април 1986-та
нашиот град Чернобил бил погоден од нуклерна катастрофа
Аха, значи дека радијација била причината што сме мутирале во лилјаци
а не темниот лифт.
Ама ако, се погоди убава нуклерката, ни ги разубави животите
……………………………….
(инспирирано од детската песничка „Лифт Стори“ на Си-До)
[youtube height=”250″ width=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=rLt9LOMOnv0[/youtube]
Посетено 2.945 пати