Како мириса куќата од коноп?

Римјаните го употребувале канабисот уште во времето на Цезар, но не рипајте веднаш, не за дување. Најизджливиот матерјал во тоа време не биле ниту бетонот, ниту челикот, туку зелениот дијамант, неговото височевство – Конопот. Моментално градежниците и ботаничарите работат на оживување на овој одамна мртов пазар.

Мешањето на дрвенестите влакна од конопот и вар, произведува природен бетон со одлични изолациони својствa: одлична акустика, нема влага, нема пестициди.

Канабис сативата расте во различни климатски услови, а може да достигне висина од пет метри и пречник на стебло од околу три сантиметри. Внатрешниот слој на билката е извор на црвсти влакна од коноп. Неговата употреба се шири. Во 2015-та Здружението на канабис индустријата проценило дека вредноста на пазарот на коноп во САД изнесува 573 милиони долари.

Токму во САД постојат околу пееситина куќи направени од коноп. Производителите тврдат дека конопот е поволен за ниски конструкции и дека за разлика од класичниот бетон, треба многу помала енергија за затоплување на просторот.

Како мириса куќата од коноп?

”Мириса на утеха!”-вели Сергеј Коваленков, 33 годишен украински инжињер кој е бил предводник на проектите посветени на копот во Украјна, Франција, Шведска и Јамајка.”Помалку аромата потсеќа на лимон и нема никаква врска со аромата на запален канабис, затоа што е индустриски одгледана билка”

 

Посетено 1.119 пати