Которчевиќ за Џамбазов: “На ЧОВЕКОВ му личи да личи!!!”

legja logo

Под споделената фотографија на Игор Џамбазов од Инстаграм, Томислав Которчевиќ,
автор на музиката и текстот на песната “Време за Плачење” го искоментира следното:

Колку што има ѕвезди на небото, толку теми за муабети, прашања и одговори може да ти натокми ова лице, да те прошета до работ на гревот, да те префрли од онаа страна, каде што сонцето сеуште изгрева, да те насмее до солзи но и да те растажи до болка … Ама ај да не ја дрвам, за тоа поопширно во друга пригода … Во предзориево, од пред сцената, како човек му се поклонувам на ЧОВЕКОТ ИГОР … Или што би рекол Конфучие мил : “Човек е човек ако е човек” … Би додал, со сите мани и доблести …

Посетено 5.494 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!