Костими за капење за секој вкус
Одлична колекција Solid & Striped

Иако на пазарот е присутен само четри години, американскиот бренд Solid&Striped се наметна како водечка дизајнерска куќа
за костими за капење и алишта за на плажа
Пред една недела беше официјално пуштена новата колекција на костимите за капење Solid&Striped која е дизајнирана од страна на британската “it” девојка Poppy Delevingne. Нејзиниот препознатлив стил е трансформиран во серија фантастични едноделни и дводелни модели на костими кои без проблем може да се носат и како body за време на летните вечерни излегувања. Во новата колекција, чиј lookbook е претстави овие денови, Solid&Striped се потпира на едноставна палета на бои (бела, црвена, сина) и на вечниот модел на линии кои изгледа особено ефективен на едноделниот модел”Anne Marie”. Љубителите на дводелниот костим ќе ги воодушеват моделите “Morgan” и “Jane” кои флертуваат со спортската естетика, а во понудата е и дводелниот костим со ретро крој “The Belle” во карирана варијанта.
Посетено 788 пати