Кондом за фрижидери не постои

                  да не биде не сум ви кажал… 
ebay frizider_zoki

Отварам врата на фрижидер…темница..
Фаќам нешто на тепка- мајонез, не сакам тоа
Пак нешто фаќам- ајвар, позеленет,
не сакам ни тоа
„па добро бе зошто си толкав клошар,
што не купиш сијаличка и се ќе гледаш“
-ми збори фрижидерот
„а бе не сум, само ме мрзи да искачам преку ден“
„мораш да купиш, пошто овака во темницава
само сонувам“- пак ми вика
„да бе, сигурно..што може да сонува еден фрижидер?“
„сонував дека јас и ти сме биле во Трпејца“
„и?..што има лошо во тој сон?“
„е па многу топло беше, целиот се истопив,
па се разбудив облеан со ладна пот
и сите решетки ме болеа“
„ај не тупи и јас сонувам лоши работи“
„е па тогаш најди ми женска“
„каква женска, не си ми јасен“
„купи онакво мало фрижидерче и стави го
во мене“
„и што ќе правите?“
„пази да не ти кажам, како што ти
ми кажуваш што правиш со девојка ти“
„е да бе, па цела храна да ми биде со фрижидерска сперма,
кој знае колку е тоа одвратно, бљак“
„нема, ќе користиме кондом“
„хааааа кондом за фрижидери, па тоа ни на Е-Вay не постои“
„ само донеси ми изолирбан и сам ќе го направам“
„Ок договорено“- се согласив на крај
Така и беше, му купив мало фрижидерче и изолирбан
ама по некое време гледам фрижидерчето трудно!!!
Ме заеба овој, не корисел кондом, кој знае што сум јадел?????
Иако да признам се чудев зошто ми е нешто повкусна храната
Посетено 656 пати