Комшиски Муабети, Симфонија Од Епитети
[fblike]
-здраво комшија, може едно прашање?
-да кажи
-а бе стварно му умрела козата на комшијата
од 11-ти, цело маало збори за тоа?
– стварно
-Не знаев дека имал коза, кај ја чувал, на балкон?
-Не бе, така ја викаше жена му – „козо една“
-ааа тоа било, значи ако слушнам дека
умрело некое ѓубре тогаш на него се однесува
-Зошто ѓубре?
-Па така жена му го викаше
-Леле, ептен се катастрофа
-Баш … а знаеш како тебе те викаат во маало?
-не
-Мрсул
-Јас Мрсул?
-Па да, стално ти течат мрсули и не ги ни бришеш
него ги лижеш
-Па што, слатки ми се..а тебе што те викаат Чвор?
-какоо?
-Чвор..пошто многу си смотан
-Хаха поштено ..што маало ќе бевме!
-Ептен, a онаа Гускана од 6-ти?
-и Муфљузон карши неа
-и оној Лева рука-десни џеб што е нон-стоп по затвори
-а Твор?
-и браќана Ушљакот и Клемпавиот
-и онаа Уста-чорапа и синот Доберман
-и Џогерот со жена му Џогерица
-и оној Ножот за бурек
-и Папагалот
-чекај малце, знаеш некого по ИМЕ?
-хмм да ми текне…не знам никого, а ти?
-ни јас…да се упознаем, јас сум Зоки
-значи Зоки Смотаниот, јас сум Љупчо Мрсулот, мило ми е,
него знаеш дека Лубеницата ќе се разведува
од Бубуљицата?
-ма не е можно, што збориш?
-да бе, ја фатил како го вара со Хилтата
-страшно….а ти текнува на онаа Карамбол,
баш ми е жал што се пресели,
ептен згодна беше
ама колите лом ни ги правеше, толку да се
немало осет за паркирање!
-а мене ми фали Радодајка
-ама среќа цајканон Китка-Матка си отиде
-даа и онаа Сармата, посмешна фризура не сум видел
-и……
Посетено 932 пати