Која храна да ја избегнувате кога сте под стрес

Што треба да јадете за да го намалите стресот
koja-hrana-da-ja-izbegnuvate-koga-ste-pod-stres_image
[fblike]
Стресот во современото живеење е неизбежен дел од нашите животи, а тој се зголемува кога се наближуваат крајни рокови на работа или големи нерешливи проблеми. Стресот може да намали со вежбање, бидејќи вежбањето го прави телото поотпорно на стресни ситуации, но може да се намали и со вистинскиот избор на храна. Кога се борите со стресот, не постои магично инстант здраво решение, туку здрави здравствени навики. Поточно кажано, еден портокал нема да ве ослободи од стрес, но доколку јадете еден портокал секој ден, оваа навика можеби ќе влијае позитивно во борбата со стресот.
„Кога се борите со стресот, не постои магично инстант здраво решение, туку здрави здравствени навики“
Стресот го поттикнува импулсот за опстанок, а за борба потребна е енергија.
Така, при состојба на стрес, мозокот ослободува хемиски реакции кои што ја зголемуваат желбата за шеќер и калорична храна како најбрз извор на енергија. Кортизолот, од друга страна, ја нарушува дигестијата и предизвикува проблеми при варењето на храната. Кога сте под голем притисок, треба да ги избегнувате следниве состојки:
Рафиниран шеќер  
Нутриционистите препорачуваат да го избегнувате рафинираниот шеќер кој се наоѓа во многу слатки, чоколада, бел леб, бидејќи нагло го подига нивото на шеќер во крвта, што резултира со брз пад на енергијата подоцна, давајќи чувство на замор и нерасположеност – состојби кои можат само да ја влошат состојбата на зголемен стрес.
Процесирана храна
Процесирана храна е храната спакувана во кутии, конзерви и ќеси. Таа често содржи адитиви, вештачки засладувачи и хемиски состојки. Овде може да се сместат сите вкусни сендвичи, колачи, бисквити, крекери, слатки кои содржат многу рафиниран шеќер и глутен, или накратко кажано, цела „храна за утеха“ (comfort food) што ја посакуваме кога сме под стрес. Доколку сакате да го избегнете глутенот, треба особено да внимавате, бидејќи сите производи без глутен, не се подеднакво хранливи. На пример, едно шеќерно колаче без глутен и едно јаболко, немаат иста хранлива вредност. Најдобро е да консумирате свежи и сезонски производи.
[button color=”#fff” background=”#3A1B5A” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/objavi/musli-ili-granola-shto-e-podobar-izbor/”]Прочитајте: Мусли или гранола – што е подобар избор?[/button]
Алкохол и пушење
Кога сме под стрес, најчесто сме склони кон пороци. Доколку стресот редовно се „лечи“ со алкохол и цигари, тогаш лесно може да се развие зависно однесување. Воедно, неколку чаши алкохол пред спиење со цел побрзо да заспиете, може да предизвика проблеми со сонот, повисоко ниво на шеќер во крвта и дехидрација. Сите тие може да го зголемат нивото на стрес хормони.
Кофеин
Повеќе од 2 милијарди луѓе уживаат во шолја кафе секое утро. За многумина, кафето е незаменлив долгогодишен ритуал и доколку спаѓате во оваа група на луѓе но сакате да го намалите стресот, не значи дека треба сосем да го отстраните кафето. Кофеинот поттикнува реакција на стрес, бидејќи го стимулира нервниот систем. Премногу кофеин може да поттикне забрзано срцебиење и зголемен крвен притисок и може да го иритира дигестивниот систем. Голема количина на кофеин може да го наруши сонот и да поттикне дехидрација.
Солена храна
Натриумот е составен дел на солта и во еден грам сол има околу 40% натриум. Дневниот внес на сол треба да биде околу една кафена лажичка сол. Вишокот на натриум е штетен бидејќи ја задржува водата, зголемувајќи го крвниот волумен, резултирајќи со висок крвниот притисок. Зголемената употреба на сол ги оптоварува бубрезите, срцето, крвните садови. Солената исхрана доведува до надуеност и задржување на вода, состојби коишто ја исцрпуваат енергијата и го зголемуваат нивото на стрес.

595х90 px-01

Посетено 492 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.