Кога времето се мери по тебе

5escaped_emotions[fblike]

Не ми почна мене годината денес
туку со тебе
неколку месеци наназад
и ич не ме секира
што по сите земски мерки
мојата година ќе трае
околу петстотини денови
јас и онака времето не го бројам
барем не онака како што вели календарот
и еве
во оваа моја нова година
деновите ги мерам
со изврвени улици
во кои чекорите ни се бакнуваат
а сенките љубов ни водат
полни иситнета радост
твојата смеа
мојот кикот
нашата детска палавост
аритмија и тахикардија
случајни допири
два пара очи полни страст
и две рала наочари
низ кои погледите ни танцуваат
украдени допири
треперливи прегратки
твојот глас сред врева
мојата разиграна душа
палава како желбата по тебе
нашите пулсирања
соковите кои си ги даруваме
воздишките со кои се гоштеваме
мојата година започна порано
барем така ќе рече некој
а мене
мене ми почна токму навреме
и никогаш не била толку полна љубов
со тебе
во моето срце вгнезден
и мене
што удирам во ритамот на твојот пулс
оваа нова година
која трае чиниш векови
во која има се’
во која времето се мери
по среќата
љубовта
по тебе во мене
по мене обвиткана како бршлен околу тебе
новата година
толку кратка
толку вонземска
толку многу наша

595х90 px-01

Посетено 1.057 пати