Кога љубиш – добиваш и губиш

Уште една ноќ,
уште едно утро,
како таа спругната в кревет пушнува од цигарата,
Ја обожаваше таа поза –
Уживаше во “валканоста“ на самиот чин
Имаше некоја блага еротика во таа нејзина положба
Кога благо оптегната в постела, ја жареше цигарата низ прстите,
И со димот во себе опиваше, а наоколу заведуваше…
Обожаваше кога вовлекувајќи дим од цигара го стрелаше него со поглед,
Ја ражаруваше цигарата, онака како што него со поглед го мамеше в постела
Низ облици од дим го повикуваше на уште една ноќ вредна за сеќавање
Таква беше таа
Жив оган
Ја сакаше играта
И со неговото тело и со цигарата
Со прсти да гали…
било негово тело, било цигарата, било стиховите…
Беше ватрена, полна со страст.

Само не знаеш што и е помило
Спругната в постела со уште понекоја цигара
Или со негово тело крај себе…
или со стиховите….

Беше опасен играч,
Колку што добиваше, толку и губеше.

Губеше секој пат кога ќе го љубеше,
а истовремено и добиваше.
Губеше, оти знаеше тоа е само уште една ноќ во низата,
Добиваше оти љубена беше, макар уште една ноќ.

Губеше и кога не ќе го љубеше,
А пак и добиваше.
Губеше, оти нељубена остануваше уште една ноќ,
Добиваше, оти не беше само уште една ноќ во низата.

Со него никогаш не знаеше на што е!
Пријателка, љубовница, или можеби љубов.
Таинствена во секој поглед!
Најголема мистерија на светот.
Оти таа го љубеше и љубеше
И кога пријателка
И кога љубовница
И кога љубов
Му глумеше…
Таму, в постела,
Скриена од љубопитниот поглед под уличните градски светла,
Таму во неговото гнездо каде љубов секој пат се повеќе и повеќе се испилува,
Таму каде што и боговите молчат,
Таму каде што љубовџиите љубат.

Таа беше неговата писателка,
Која ноќите ги милуваше кога стихови за него везеше
А тој беше нејзината инспирација
Еве 71 ноќ по ред,
71 ноќ во која таа за него пишува,
Не една, туку стотици песни во една ноќ
Не можеше да се запре
Не можеше да ги запре прстите кога за него пишуваше,
Не можеше ни да го запре срцето кога за него љубеше
Водеше внатрешна битка во себе,
Но како да се откаже да го љуби,
Кога тој и дава инспирација да пишува
Ако се откаже да го љуби,
Ќе си ги самоубие и своите стихови,
Ќе го уби писателот и поетот во себе,
Ќе ја убие својата најголема страст
Како да се откаже од сеќавањата секоја една ноќ,
Кога било в прегратка,
Било врз лист хартија,
ГО ЉУБЕШЕ!!!

Б.Ј.

 

Посетено 2.649 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!