Кога Губиш, Добиваш?

[fblike]

koga-gubis-dobivas-1
Кога губиш на спортско ливче во кое си вложил пари, зарем добиваш нешто?
Секогаш те паѓа таа една утакмица, најлесната која на крај испаднала најтешка за влегување.
Исто и со животот…
Неодамна слушнав дека кога си губел, си добивал и се запрашав, зарем?
Што добиваш кога ќе изгубиш личност во животот која си мислел дека нема да ја изгубиш никогаш, што добиваш кога ја губиш работата од соништата или пријателите за кои си мислел дека се вистински?
Ништо, освен скршена доверба, можеби скршено срце, скршени соништа и скршени односи кои никогаш нема да бидат поправени.
Кога губиш, добиваш, не би рекла дека е тоа толку едноставно.
Вистина е дека добиваш поголема интуиција да ги намирисаш работите кои не си ги мирисал порано, добиваш способност да препознаеш лажно од важно, добиваш искуство кое не си сакал да го добиеш, но ете си го добил, од тоа губење…
Поентата е тоа што ти не си сакал да ги добиеш тие работи, затоа кога губиш, мислам дека не добиваш, односно не го добиваш тоа што си го сакал.
Тоа што не си го сакал, неминовно е да го добиеш како подарок на твојата безрезервна доверба, предаденост и потрошено време на нешто непотребно кое си мислел дека е најпотребно.
Кога губиш, добиваш…
Не, кога губиш, губиш, кога добиваш добиваш, нема тука златна средина.
Останатото е само тешење!
Посетено 1.442 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!