КАКО ВИНО
Госпоѓо, вие сте…
Вие сте…
Како виново што го пијам.
Како старо вино
кое нема цена.
Вашето буке веројатно,
воопшто не се разликува
од амброзијава
што ми е во грлово.
Бојата на виново
е како вашите усни,
како вашите нокти.
Со секоја голтка
соблекувам дел од вас.
Полека…Полека…
Очиве ми се пурпурни
од вашата личотија, ги чувствувам преполни, силни.
Рацете ми треперат…
при секоја голтка треперат, госпоѓо…
Госпоѓо…!
Госпоѓо…?
Само да се допијам…
и…
Ке ви паднам на раце
Посетено 408 пати