Кај него бил ‘рсот
[fblike]Не те гледаат како можна заработка, туку како човек…
Бели цреши што светат како килибар (50ден.), миризливи праски сочни како бакнежи (25ден.), грутки домашно матен путер пливаат во вода… Сакам да го купам целиот гостиварски пазар во вторник, пазарен ден, зашто сЕ е евтино и свежо, а луѓето, иако си дошол при крај и веќе се измориле од вруќината и метежот на денот, љубезни се и трпеливи. Се сеќавам кога ја реновиравме викендицата, ни рекоа да им ги вратиме тапетите што ќе останат, а плочките, внимателно одбрани, ги вративмесите, зашто излезе дека ѕидот е гнил и моравме да го изѕидаме повторно од тули, па остана таков. Некои, иако гладни од амазанскиот пост, спокојно објаснуваа каде се наоѓа дуќанот на конкурентот, зашто кај нив не ти се допаднла понудата. Едниот го прашав, зарем не му е жал што не купивме кај него па така здушно нЕ упатува кај конкурентот, со насмевка рече: „Кај него бил ‘рсот“. Не те гледаат како можна заработка, туку како човек. Еднаш навечер, кафаната на Македонецот се наполни со гости за ифтар, весели лица, а домаќинот ни објаснуваше како останал стечаец, позајмил пари и сега цела фамилија го води местото што цвета. На ктајот ни подари стомна со името на кафаната. Или кога уште бевме деца, колата ни откажа, а човекот ја поправи и нЕ испрати со здравје, не сакајќи да земе пари по ниедна цена! Си доаѓаш дома со она што си го купил и некако, сЕ е подрагоцено од обично, од секое нешто светкаат човечките вредности и целиот простор, атмосферата се исполнува со поврзаност. Знаеш дека си единка од големиот организам на човештвото, ведар и благодарен. Се прашувам зошто во големите градови луѓето не се така срдечни и пресретливи?
Посетено 1.007 пати