Јас можам спокојно да умрам уште денес, а вие?
Знам дека имате соништа, знам..
[fblike]
.Знам дека сонувате исто како и јас, но само сонувате, а тоа ме боли, јас се трудам да остварам, а вас ве гледаме секој ден како ги газите соништата под нозе.
И нив ги боли, знаете?
Не сакаат да бидат згазнати, сакаат да бидат остварени, бидејќи ви се судени, зошто ги занемарувате, не сакам да ве гледам такви, сакам сите да направите се што сте посакувале отсекогаш бидејќи верувам дека сте способни, секој е способен.
Никој не е роден неспособен, таков станува во текот на животот.
Потсетете се што сте сакале да бидете, кој пат сте сакале да го фатите пред да станете ова што сте денес, пред да зачекорите на овој пат по кој чекорите денес?
Таа личност која ја гледате во огледалото не е онаа вистинската која сакате да ја видите бидејќи го нема сјајот во очите кој го барате, ве нема вас, вие сте се згазнале себеси заедно со вашите соништа.
Не се препознавате себеси во огледало, бидејќи не сакате да се запознаете, не сакате да ја видите вашата сила, не сакате да ја искористите вашата способност да правите уникатни работи, не сакате да ја искористите вашата мисла која може да создаде светски феномен.
Не чудете се, за вас зборувам, токму вие кои го читате ова, секогаш може да бидете тоа што посакувате да бидетe, ја имате таа моќ, само доколку посакате и се потрудите навистина.
Секогаш постои избор, доволно е само да го направиш, тој сам ќе те води по патот на твојот вистински живот, наместо по овој пат кој не те води никаде, те врти во круг.
Не умирајте пред да умрете, ве молам.
Разбудете се денес и остварете ги тие соништа кои ви се појавуваат постојано, тие не се ваши кошмари, тие се вашето одложено јаве.
Сонот кој постојано се појавува пред тебе е твојата судбина.
Мојот сон беше ТИ да го читаш овајмој пишан текст и успеав во тоа, ме читаш, нели?
Сон ми беше да советувам како да се стигне до посакуваното, сон ми беше да ги поучам луѓето на она што го знам и успеав некако да стигнам до јавноста и да допрам до неа.
Успеав да допрам до тебе.
Знам дека ти надојдоја солзи во очите кога сфати дека е возможно, но не пуштај ги, чувај ги за радоста која те очекува доколку се ослободиш од сегашниот живот и започнеш да го живееш оној твојот, вистинскиот, следејќи ги соништата.
Чувај ги бидејќи доколку ги пуштиш сега ќе бидат солзи од тага, а доколку ги чуваш за денот кога ќе одлучиш да тргнеш во поход и да ја победиш твојата војна со животот, тие ќе се претворат солзи радосници.
Ете тогаш ќе можеш да умреш спокојно, само доколку си ја исполниш животната цел. Јас мојата си ја исполнив, редот е на вас да го сторите истото и да кажете слободно – “Јас можам спокојно да умрам уште денес, а вие?”
Тогаш вие ќе бидете на ред да ги советувате другите како да го направат ова, задачата преминува во ваши раце, но само доколку ја исполните вашата мисија.
Посетено 1.411 пати