Извинете вака ама пушачите се поинтересни луѓе од непушачите
Извинете вака ама пушачите се поинтересни луѓе од непушачите. Не знам зошто ама има нешто. Дали дека со цигарата во рака мавтаат, објаснуваат нешто , духовити се и шармантни. Има и исклучоци се разбира. Ах мори Даци, балансираш, а? Како и да е, плеснаа забрана за пушење и во импровизираните тераси. Е нема веќе слатко задоволство за 100-200 денари еднаш неделно после работа или за викенд. Оти ако пушиш на тераса и се дружиш може нешто паметно ќе ти текне, на пример како да ја уништиш демократијата во МК. Сакаме ситни задоволства?! Е не може ни тоа и точка!
Посетено 3.203 пати