Избери слобода без ограничувања! Соочи се со анксиозноста!
Добро утро, мој убав и работен народе!
Ја думав колумнава или како и да се викаат моиве приказни уште од вчера додека се спремав за спиење, дур миев заби поточно. Чудно нешто, или во автобус или во тоалет ми доаѓаат идеите за пишување. Какво непишано правило, нели!
Нејсе, нормално… Не ми дојде како гром од ведро небо… Имено, гледав пред некој едно видео кое ја опишува нашата состојба, мислам оние кои си патиме од анксиозност.
Ќе речете дека ја мрцварам темава, ама овој пат нема да кукам, туку ќе се обидам да ве долбижам на еден позитивен начин до нашата луда луда состојба. Двојното #луда не е случајно, затоа што нит е луда, нит е мрдната.. Туку е само состојба. Ние не сме лудаци, ние сме моќни чудаци кои решиле да се изборат со тој ѕвер и да го претворат во непто убаво (како она со „Убавицата и ѕверот“.
И да, сите сме убави на свој уникатен начин. Колку и да сме убедени во спротивното, па идемо!
1. Анксиозноста не прави да бидеме повнимателни
Замислете колку пати би се вовлекле во некаква невојла, ако не сме имале толкава анксиозност што не спречила на пример: Јас имам страв од автомобили и секогаш чекам зелено светло за да поминам или додека убаво не се уверам дека нема коли за да поминам. Не одам по улица, туку строго по третоар. Не слушам гласна музика за да можам да ги слушам звуците од автобомибилот, особено во странство. Таму музиката на слушалки за мене е забранета. Во сосема друго место, сум уште поанскиозна. Токму затоа, преферирам да сум макслимално сконцернтрирана и внимателна.
2. Го даваме својот максимумум и целиме кон уште поголем
Колку пати само повторуваме некоја работа додека не е доволно соврешена за да ја пуштиме во етер? Многу пати, верувајте. До тој степен што можеме умствено да се заглавиме. Не велам дека е добро тоа, но можеме да издејствуваме да го изведеме најдоброто од нас, барем онолку за колку што мислиме. Сигурни сме дека можеме подобро, и тоа е добро, иако анксиозноста не’ кочи да си признаеме.
3. Ги цениме и почитуваме послабите од нас
Да живееш во емоционален кафез е навистина многу болно. Замислете едно диво животно кое и’ припаѓа на дивината да биде затворено во едно мало местенце. Трагично нели? Па, отприлика така се чувствуваме, само што сме условно пуштени на слобода. Да, да… условно. Можеме да летаме и да ги рашириме крилјата, но има огромна бариера меѓу нас и небото. Леташ во границите до кои таа ти дозволува. Како затвореник кој не смее да ја напушти државата и не смее да прекрши ниту едно правило затоа што повторно ќе биде затворен.
Токму затоа, ние ги шириме крилјата за да ги прегрнеме послабите и да им покажеме дека има некој ги цени и почитува онакви какви што се. Се трудиме да им помогнеме, иако многу пати се чувствуваме загрозени од посилните. Се полниме со немоќ и копнееме по туѓа закрила. Нам ни е потребна љубов, многу љубов и разбирање, поддршка и внимание. А, ние возвраќаме со уште повеќе затоа што само оној кој поминал низ пеколот знае како е да гориш, а да не договоруваш.
4. Анксиозноста не’ тера да сме подобри партнери, родители, пријатели, деца
Ова би било точка која ги спојува претходните три.
– РОДИТЕЛИ
Како мајка која е цело време загрижена за себе, уште повеќе се грижи за своето дете. Ако една мајка 3 пати во определено време го проверува детето, анксиозната мајка 5 пати. И тој страв се зголемува низ годините. До тој степен да детето секогаш ќе биде мало во очите на мајката. И тоа е во ред, бидејќи мајчинството е најпрекрасното нешто кое никогаш не е проследено со каење, туку со убавина и благослов. Иако анксиозната мајка ќе се кае што не била уште подобра мајка. А тоа, воопшто не е вистина.
Не сум мајка, реченица која морам да ја повторувам секој пат кога сум обвинета за „од каде ти знаеш? кога ќе станеш мајка ќе видиш! сега вала збориш, после друга песна ќе пееш“… Луѓе, и оние кои никогаш не се реализирале како мајки и оние кои наскоро или малку подоцна планираат да се реализираат како такви, имаат право на мислење. Советите се тука да се слушнат, на вас е дали ќе ги послушате или не.
Јас верувам во мајчиниот инстинкт, верувам дека многу работи ќе се сменат кога ќе станам родител… Но, ако нешто верувам дека не е добро за мене, Боже пази дека е добро за детето. Секогаш ќе се водам кон тоа.
– ПАРТНЕРИ
Исто така анксиозноста не прави подобри партнери поради неколку работи:
- тука сме да сослушаме и да дадеме поддршка
- се трудиме да ја прифатиме реалноста и да го живееме моментот
- се гушкаме како луди
- се бакнуваме страсно
- ја цениме секоја секунда од поминатото време
- живееме во друга реалност додека сме во зоната на комфорот
Но, за ова да биде вистина, потребно е партнерот да постави услови за тоа, односно доколку тој ве обвинува и критикува, ве прави да се чувствувате немоќни и покорни, ве потценува и ве омаловажува, ве гуши и ве психички ве малтретира, посесивно ве следи во секој чекор и не ви дава мир… Тогаш анскиозноста ескалира до степен на повторувачки панични напади, па дури неретко до некој степен на нервен слом. Ваквите партнери треба да се забранат со закон! Затоа што ради нив, анскиозните не можат да ја искажат во целост љубовта и почитта која ја поседуваат.
– ПРИЈАТЕЛИ
Како што и претходно напоменав, ние сме се изгореле доволно во животот на секое емотивно поле и точно знаеме што значи да си оставен „сам на себе“ во најтешките моменти. Додека околината се прашува што се случува со вас, дали пиете некои апчиња или пак се дрогирате, што е тотален апсурд, вие ринете се’ подлабоко. Колку повеќе се обидете да излезете, околината ве закопува уште подоле. Според моето лаечко мислење, состојба на жив песок. Свесни дека морате да излезете, но канџите на песокта се посилни и ве држат… До лудило, до степен да сакате да сте сами, до степен да не можете да го издржите повеќе товарот на своите плешки.
Ви треба поткрепа, ви треба прегратка, ви треба закрила. Ви треба некој кој нема да ве осудува, нема да еве омаловажува и нема да дозволи да му подлегнете на силниот притисок. И кога ќе се појави ангелот чувар, како во мојот случај, тоа беше мојот долгогодишен партнер, Емил… станувате посилни и веќе сте спремни да помогнете на послабите. Да бидете лојални, да бидете искрени, да бидете присутни… Да се претворите во одлични психолози, да бидете уште подобри слушатели, да бидете пред се’ пријатели во вистинска смисла на зборот.
– ДЕЦА
Пред се’, ние сме деца. Односно така настанал нашиот животен процес. Додека растеме сме опкружени со внимание од родителите, безгрижни сме и не мислиме на ништо лошо. Но, како старееме, нашите стравови растат. Се’ повеќе деца ги губат своите родители низ годините и кај нас се јавува еден силен ненормален страв од она „не дај Боже“. Поминуваме цели ноќи некогаш мислејќи на лоши сценарија, дали се добро, како се… Разводот на родителите може да го почувствуваме многу стресно, како во мојот случај, и да мислите во исто време на двајцата родители ако сте далеку од нив, или само на едниот.
Токму затоа, се трудиме да сме најдобрите деца што можат да постојат. Целиме кон тоа да го искористиме секој момент од нашето драгоцено време со нашите родители. Да им помогнеме кога треба, да ги гушкаме најсилно, милиони пати да им повторуваме колку ги сакаме и цениме…. Да им дадеме дел од нашата душа за тие бидат постојано среќни и задоволни.
5. Секогаш сакаме се’ да е во совршен ред
Можете да ја наречете оваа состојба и OCD… Но, ние уживаме да го средуваме нередот кога имаме висок степен на ансиозност. Се трудиме да ги наместиме работите така што ќе владаее совршена хармонија, освен кога твориме, тогаш се наоѓаме во некое хаотично растројство. Но, се убедуваме да го средиме тоа со милион маркери во разни бои… Имаме стотици креативни помагала никогаш не ни се доволни. Секој пат се обидуваме да се „задоволиме“ со уште подобро… На пример, повеќе разни бои, поголема тетратка, а неретко и пофенси компјутер.
Се трудиме да сме максимално посветени и да уживаме во нашата хармонија. Да…и вечно се бориме со ѕверот. Одново и одново…
Мојот успешен резултат во борбата против анскиозноста, видливи резултати по 3 и пол години.
Јас и мојот љубовен и духовен гуру Емил <3
Јас не сум психолог, не сум психијатар и не сум психо-терапевт, јас сум писател во обид, или како год (работи анксиозноста), и пред се’ паталец. Јас подобро ја разбирам анскиозноста од било кој „ученик по психологија“. Се’ е искуство, точно, и тие ќе станат психолози и психијатри. Но, мене не ми треба предавање по психологија, не ми треба книга за да ја разберам тежината на оваа состојба, која не не’ прави помали од останатите „нормални“ луѓе.
Ја сакам психологијата и очигледно психологијата ме сака мене. Читам книги за неа затоа што ме интересираат и останатите… Не се обидувам да ги осудам, туку да ги разберам. Не се трудам да станам пречка, туку широко ги отварам рацете за поинаквите од оние кои патат од високоризичен степен на анскиозност, депресија, панични напади, стравови, фобии, параноја…
Луѓе мои, никој од нас не е идеален… Но, ако сите бевме… Светот немаше да биде совршен!
Ако уште еднаш се прашувате зошто толку сум гласна на социјалните мрежи, а во живо сум маче, тогаш не знаете какво зло е анксиозноста. Среќа па мачето знае да стане и лав, ако околината го побара тоа, односно постави услови за тоа, во друг случај, станува тигар. И тогаш се бори! Со сета сила и моќ!
Марија Прличкова, главом и брадом…