SUPERGA – италијанскиот евергрин повторно во Скопје!

superga (3)Италијанскиот евергрин повторно во Скопје!

Легендарните патики „суперга“ повторно на нашите улици.

office_shoes_superga_300x250

Патиките „суперга“ пред 20-тина години се носеа и во Скопје, а ги донесоа оние што во тие времиња често патуваа во тогашната најпосакувана шопинг дестинација – Трст.

6

Американците пак ги “открија” бајаги покасно и ги нарекуваат новите „старки“, затоа што кога се платнените патики во прашање, „конверс“ долго време претставуваа стандард.

spg-2750-a (1)

Сепак, оваа пролет италијанскиот бренд „суперга“ на голема врата се враќа на модната сцена. Можностите се многубројни , а палетата на бои разновидна. Овие модели одлично се вклопуваат во опуштена спортска варијанта, но и во нешто поелегентен аутфит – извонредно се комбинираат и со мини и макси летни фустани.

7

Брендот е основан уште во 1911 година во италијанскиот град Торино и отсекогаш бил синоним за секојдневен италијански шик.

1

Познатата манекенка Алекса Чанг ги носи со романтичен фустан, британската водителка Фирн Котон преферира пинк верзија со широки фармерки и сако, а Кели Брукс своите бели „суперга“ ги комбинираше со жолт џинс.

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=LGvr9u4f8GI[/youtube]

Кога во текот на 1990-тите години овие патики се обидоа да извршат повторен пробој на модната сцена, трендот диктираше само бели и тегет морнарски модели.

2

Денес ги има во сите нијанси. Произведени од цврст чист памук и природна гума од сезона во сезона се преоблекуваат во најновите трендови. Пролетва ги има дури и со металик ефекти, со поголема доза на спортски ентузијазам, во сребрена и златна нијанса.

8

Моделите на SUPERGA можете да ги набавите во продавниците на OFFICE SHOES во Скопје

 Стара, а добра реклама за SUPERGA

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=RcwGg0dOHrg[/youtube]

Посетено 1.020 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!