Имав врска со психопат, ова е мојата приказна…

Можеби јас бев крива што стана таков, не знам, но кога ќе си го помислам ова си велам дека не можеш да станеш таков, таков се раѓаш, така те воспитале, а таков и ќе си умреш богами.
Не зборувам за обичен психопат кој ти се јавува 10 пати во ден само за да провери дали навистина се измоча или замина во туѓа постела, макар што и ова овој го правеше.
Зборувам за психопат кој физички и психички започна да ме малтретира.
imav-vrska-so-psihopat-ova-e-mojata-prikazna-1.jpg[fblike]
Јас му бев прва сериозна девојка и прва во кревет, но тој мене не ми беше прв во ништо и тоа многу го фрустрираше.
После неколку месеци во врска започна интензивно да ме испитува со разговори за минатото, кои најчесто вклучуваа секс детали со моите поранешни момчиња.
Си викав, што ли ќе го тинка на нас пред заспивање, зошто толку прашува?
Тоа ме нервираше страшно бидејќи мислам дека секој треба да има своја приватност и минато за кое треба да си знае само тој, секако доколку сам не одлучи истото да го сподели со некој друг.
Откако дозна се што го интересираше започна да ме малтретира како психички, така физички, ма да ова првото беше пострашно.
Не смееш да носиш црвен кармин, курвински е…Шамар!
Не смееш да облакаш мини здолниште, курвински е…Шамар!
Не смееш да покажуваш деколте, курвински е…Шамар!
Ало, татко ми не ми кажувал што да облекувам и не ме тепал, ти?
Што си ти курва?
Абе болен еден, курва е онаа што се продава за пари, а не девојка што сака да се средува и не се срами да покаже каква линија на телото има.
Наместо да и забрануваш, треба да се гордееш што сега е само твоја!
Никогаш не му го кажував ова во лице бидејќи знаев што следува доколку го кажам, али исто срање следуваше и без да му зборувам јас.
Сам си зборуваше со гласовите во неговата глава кои му кажуваа дека и го изневерувам покрај се.
Си реков себеси дека морам да се оттргнам од овој лудак на било кој начин, или ќе го убијам или ќе умрам…
Трето немаше, а јас го одбрав третото, му се скарав на најкултурен начин, но таквите како него не знаат ни К од култура.
После 5 месеци ме следеше до дома и ме истепа за тоа што сум му се скарала и што сум имала нов дечко.
Кој болен еј!
Си извадив лекарско, го пријавив и добив право на оштета од 600/800 евра кои не ми ги плати бидејќи се одложи случајот.
Дојде да ми плачи дека немал пари и ќе легнел в затвор пошо бил на условно дечкото, ми падна жал и го пуштив да си отиде.
Но, сега знае дека доколку повторно ми се приближи јас немам што да изгубам, од сите тие трауми кои ми ги приреди спремна сум да го убијам и око да не ми трепне.
Еден од нас ќе изгуби доколку повторно се сретнеме, а тоа сигурно нема да бидам јас!
Затоа, девојки доколку намирисате ваков од далеку, бегајте подалеку и не плашете се да си го живеете животот како што сакате поради некој ваков, никаков.
Никој нема право да ви ја загрозува слободата на избор за било што во животот бидејќи животот е ваш, исто така нема право ниту да ве осудува за минатото, бидејќи повторно минатото е ваше.
Доколку на некој не му се свиѓате како личност, слободно може да одеби, нели? Наместо да ве ебава вас на здрав мозок…
Посетено 17.765 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!