Имагинарна

imaginarna_pocetna_majkatiitatkoti

Кибритариме под цигарите,
истураме надеж во чашите.
Ќе си ги кажеме тајните,
ќе си ги покажеме гаќите.
Знаеме дека ќе се сакаме
но не брзаме да се бакнеме.
Твојот јазик нема клиторис,
мојот не престанува да меле.
Еден до друг со разбирање
или еден во друг со стенкање? –
никој не знае што е подобро
Ќе водиме љубов – денеска,
утре, до година…
Но муабетот ни легна а тоа
ептен ретко се случува.
Немој да ме сфатиш погрешно,
со некоја друга веќе вторпат
ќе водев љубов.
Но ова, сега, со тебе,
ретко се доживува.
Имај трпение, те молам,
ќе водиме љубов кога
ќе немаме што да
си кажеме.

jk banner grcija

Посетено 718 пати